Доаѓа лето – Како да се ослободите од стриите? Има ли начин?

од  |  0 коментари

Третирањето на стриите е изградено од три дела до пет делови.

Прво се започнува со една процедура т.н. хемоабразија, потоа се прават специфични третмани со фибробласти од линијата на COLLIN Paris, послениот дел е домашната нега како незибежен и многу важен дел во третирањето на стриите, со Концентратот за стрии на COLLIN Paris. Во зависност од состојбата се вклучуваа уште два дела, а тоа се ЛЕД фоторејувенација и Мезотерапија за стрии.

Првата процедура – хемоабразијата е составена од две фази од каде доаѓа и името хемоабразија. Првата фаза е абразија или шмирглање на површинскиот слој на кожата, а вториот дел е хемиски пилинг.

Целта на абразијата е да добиеме израмнување на кожата на оштетената површина (стриите), стимулирање или побудување на фибробластите да го создадат точно она што е недостасува на оваа површината каде се појавиле стриите, а тоа се еластин и колаген. Со тоа кожата повторно ќе се врати во предходна состојба и стриите ќе изчезнат. Секако, со самата абразија се одстранува слојот на мртви клетки од површината на кожата, а тоа овозможува хемискиот пилингот да биде поделотворен.

Втората фаза или хемиски пилинг ја има клучната улога во процесот на лекување на стриите. Тој ги топи површинските слоеви на кожата и стимулира создавање на нова мазна кожа.

Ново создадената кожа е нежна и тенка, секако тоа значи и попропуслива. Во моментот кога ќе се добие нова кожа се преминува на вториот дел од третманот, а тоа е третирање на кожата со специфичниот третман за стрии на COLLIN Paris со фибробласти. Целта на овој третман е забрзување на регенерацијата на кожата, создавање на здрава, мазна и исполнета кожа, отпорна на надворешни влијанија. Тоа се постигнува со помош на големиот број на активни компоненти добиени исклучиво од растително и морско потекло.

Во исто време третманите се подржуваат со домашна нега со помош на  Концентратот за стрии на COLLIN Paris, кој исто така ја стимулира новосоздадената кожа побрзо да се регенерира и постојано да синтетизира колаген и еластин. Тој исто така ја прави кожата поеластична и ја штити од појавата на стрии, па истиот може да се употребува како превенција од појава на стрии во текот на бременост.

Во зависност од состојбата се вклучува и четвра фаза, а тоа третирање на кожата со помош на ЛЕД Кожна рејувенација. Ова процедура е интеракција на светлината , која ја емитираат Светлосно Емитирачки Диоди (ЛЕД).

Со помош на оваа метода се потикнува кожата на саморејувенација. Светлината од ЛЕД машината стапува во интеракција со клетките и ги стимулира да произведуваат колаген и еластин.

Петиот дел на третманот е мезотерапија. Во оваа фаза со помош на игличка поткожно се внесуваат специјално подготвени коктели на активни компоненти кои го ја стимулираат регенерацијата на ткивото и ги активираат клетките за синтеза на нови колагенски и еластински мрежи кои ќе ја исполната кожата на местата со дефекти од стриите.

Како што може да се примети третирањето на стриите е еден комплексен и одговорен процес кој е изграден од повеќе фази или делови, потребно е време за да се помине низ сите фази. Вообичаено за комплетниот третман потребни се од 2 до 4 месеци, во зависност од состојбата. Резултатите се трајни, методите се безболни и не бараат отсуство од секојдневните активности. Бидејќи, клучниот дел е хемискиот пилинг , потребно е да кожата да не се изложува на сонце (или солариум) во текот на третирањето на стриите, како и минимум 1 месец по завршување на третманите.

Па затоа, ова е вистинскиот период за да се започне со третирање на стриите како еден сериозен естетски проблем.