Остранете ги црнките лесно и едноставно од вашето лице

од  |  0 коментари

Црнки на лицето се појавуваат кога фоликулите на влакното се затвораат со масла и остатоци од мртва кожа во местата каде има отворени пори. Тие може да бидат црни или жолти
Како да ги остраните – еве неколку намирници кои ќе ви помогнат во борбата со црнките:

Рецепт број 1.
Измешајте сок од лимон, сода бикарбона и направете паста која ќе ја нанесете на местото.
Оставете да се исуши добро. Измијте го лицето без употреба на сапун.
Следниот ден црнките ќе бидат суви и ќе паднат од кожата сами по себе на допир со прсти.

Рецепт број 2:
Измешајте куркума со овесни снегулки и лажичка мед.
Нанесете на местата каде има црнки.
Оставете да се исуши.
Измијте го лицето

Рецепт број 3:
Белка изматете со малку сода и на лицето нанесете ја врз претходно поставена хартија.
Оставете да се исуши- излупете како пилинг маска.