Прифаќање на другите такви како се!

од  |  0 коментари

На кои начини посакувате другите да се поразлични од тоа што веќе се?
Секој пат кога размислуваме за другите ни се случило да посакаме на некаков начин да се поразлични. Посакуваме да бидат поотворени кон промени, да не забораваат да не гушнат пред да заминеме на работа, да не ги остваат играчките на подот, да не ги забораваат полуотворени канцелариските врати,  да не разберат без да им кажеме, да бираат подобар партнер, да не донесуваат брзи одлуки…
Сосема е нормално да посакаме другите да се различни затоа што и самите ние сакаме да сме поразлични (повисоки, помудри, послаби, поубави, побогати, поуспешни…).

Но како да прифатиме дека едноставно не можеме да влијаеме врз одлуките,припадноста кон другите општествени групи поразлични од нашите , сексуалната ориентација, професионалната ориентација и животниот избор?
Толеранцијата, пофаќањето и разбирање на другите се чекор напред кон креирање на однос кон другите кој води до прифаќање.
Секоја индивидуа е различна самата по себе, секоја индивидуа поседува ДНК молекула и уникатни отпечатоци од своите прсти што само по себе ни укаќува на тоа дека потребно е да се насочеме кон прифаќање на другите такви какви што се со цел создавање на хармонија околу нас.

Толеранцијата е објективен и пермисивен однос и став кон оние чии практики, раса, религија, националност, определба се различни од нашите.
Прифаќањето пак во човековата психологија е способноста за препознавање на процес или состојба во секоја ситуација (често непријатна и негативна) без вложување на напор за да ја промени, да и се спротивставува или да излезе од истата.
Толеранцијата е доблест. Таа е еднос златно правило во животот кое ни укажува на фактот дека доколку сакаме другите да се однесуваат добро кон нас, ние е потребно е да се однесуваме добро и кон другите. Ова е исто така една прагматична формула на функционирањето на општеството, таа е сеприсутна во постојаните конфронтации помеѓу религиите, половите, политичките идеологии, националностите, етничките групи итн. Прифаќањето е чекор пред толеранциата. Може да толерирате некого/нешто  без притоа да го прифатите, но не можете некого/нешто  да го прифатите без питоа прво да го толерирате.

Над концептот на толеранција и прифаќање се наоѓа концептот на разбирање. Разбирањето е психолошки процес поврзан со некоја личност, ситуација или порака каде еден е способен да размислува за тоа и да користи концепти за да се справи адекватно со самата ситуација/предмет итн.

Можно е да се толерира и да се прифати некого без да се разбере, исто така да се разбере без да се прифати или пак да се толерира.
Кога учиме некого да мрази наместо да сака, ние им пренесуваме на другите и комуницираме со нив на таков начин што им укажуваме дека дискриминацијата и насилството кон одредени групи во општеството е прифатлива.

Во согласност со случувањата во последниот период мораме да признаеме дека постојат многу начини на кои хетеросексизмот/хомофобијата, трансфобијата и сексизмот влијаат вз случувањата во денешницата. Родителите, едукаторите и другите лица кои имаат големо влијание врз животите на децата не смеат да им ги пренесуваат своите предрасуди.

Прифаќањето е најдобар и најважен начин да ги прифатеме различностите, да креираме одснова следните генерации да научат од грешките на нашата генерација и да влијаат значително во создавањето на рамноправно општество без предрасуди, да прифаќаат и да разбираат што е она што сите не прави различни едни од други.