Полуматуранти, каков тип на елегантна облека им прилега? – Мода за момчиња

од  |  0 коментари

Полуматурата е период од животот кога младите луѓе преминуваат во нова етапа од нивниот живот и стануваат тинејџери, период кога девојчињата стануваат девојки, а момчињата момци. Ова е период кога се започнува со градење на стилот- советуваат од бутик Linkesti.  Сите знаеме какви модни но и други грешки сме правеле во ова доба на животот, но на нив сигурно најслатко ќе се сеќаваме и смееме.  Бутик Linkesti  оваа година на полуматурантите им предлага безброј интересни комбинации на парчиња на облека.

Оваа сезона за помладите, модерни се панталоните во боја и кошулите со дезени. Кога избирате панталони во боја, внимавајте на ова правило:

– белите панталони комбинирајте ги со кошула во светли бои со интересен дезен како: коцки, линии, точки
– сивите панталони совршено одговараат со светло сини нијанси, тегет и зелено
– кафеавите панталони одговараат со кошули во: бела, зелена боја, сина и винсканијанса (црвена)
– црните панталони се класика и одговараат со секаков тип на кошула, а поради тоа што се работи за помлади момци, советуваме да не се комбинираат црните панталони со чисто-бела или чисто-црна кошула туку кошули во ведри бои со дезен (истото важи и за потемни фармерки, додека пак доколку сте миленици на посветли фармерки тогаш истите можете да ги парирате со секаков тип на боја и дезен на кошула без одредени ограничувања).

Гардеробата се надополнува само со соодветни чевли (или патики) и каиш, но доколку се работи за поедноставна комбинација тогаш таа супер би било да се надополни со лептир машна или пак со трегери.
Овие аксесоари се модерни за мажи на секоја возраст, па затоа доколку се комбинираат во некаква комбинација за полуматуранти ќе изгледаат соодветно и за нивната возраст.
2 идеамасноЦелта е пред се да се внимава тинејџерите да го задржат својот младалашки изглед и да изгледаат доволно елегантно за своите години.

Бутици Linkesti-Bitola, на сите елегантни мажи па и за најмладите – тинејџерите нуди голем избор на модерни комбинации за одличен изглед, затоа посетете ги и започнете да го градите својот стил од вистинското место и во вистинското време!