Придобивки од консумирање на вода со лимон

од  |  0 коментари

Многу нутриционисти сметаат дека пиењето вода со лимон може значително да влијае врз намалување на телесната тежина. Ова не е уште еден мит за слабеење, напротив тоа е реалност. Конзумирањето на вода со лимон навистина помага во слабеењето, а исто така помага и во исфрлање на токсините од телото и ја зголемува енергијата.
Доколку пиете вода со лимон наутро, тоа помага да се активира процесот на детоксикација и процесот на природно чистење. Овој принцип функционира пропорционално, што значи колку повеќе конзумирате вода со лимон толку повеќе се забрзува губењето на тежината.

Пиењето вода со лимон има веќе докажани резултати во губењето на тежината од причини кои лесно можат да се разберат. Прво, комбинацијата од лимон и вода е целосно составена од природни состојки (без било каков вид на адитиви, конзерванси или преработени елементи) кои се најздрави за човечкото тело.  Со оглед на тоа водата со лимон  е целосно природна не се внесуваат калории секој пат кога се конзумира.  Доколку замените се што пиете во текот на денот со вода со лимон, вклучувајќи и било каков сок густи или газиран, би значело намалување на калориите кои ги внесувате што би ви помогнало во намалување на тежината.

Поради присуството на пектин влакна во лимонот , водата со лимон има ефект на намалување на гладот. Ако претходно сте се обиделе да го намалите апетитот со пијалоци како што се кафе или чај , сега обидете се со консумирање вода со лимон и искористете го фактот што нема калории.

Исто така конзумирањето вода со лимон  значително го зајакнува имунолошкиот систем поради тоа што лимоните се богати со Витамин Ц, што е одличен начин за борба против настинка. Тие исто така се богати со калиум кој го стимулира мозокот и нервните функци и помага во контролирање на крвниот притисок. Аскорбинската киселина (Витамин Ц) што е присутна во лимонот покажува анти-воспалителни ефекти и се користи како дополнителна поддршка за асма и други респираторни проблеми. Исто така ја подобрува апсорбцијата на железо во организмот, бидејќи тоа има важна улога во функционирањето на имунолошкиот систем. Лимоните содржат сапонини, кои имаат антимикробни својства и помагаат во избегнување на груп и настинка.

Друга придобивка од пиењето вода со лимон е тоа што ја чисти кожата, присуството на витамин Ц како и другите антиоксиданси помага во намалување на брчки и акни и ја намалува штетата од слободните радикали.  Витаминот Ц е од витално значење за ја прави кожатана здрава и сјајна, неговите алкални својства ги убиваат дел од бактериите кои предизвикуваат акни.