Програмирање за деца со Scratch – Отворени работилници во Едуфронт за ИТ вештини

од  |  0 коментари

ЕДУФРОНТ ги отвора своите врати за сите заинтересирани деца од 8-12 години за програмирање со Scratch во Четврток, 19ти и 26ти Ноември од 19,30ч. на Zoom на отворена, бесплатна работилница за ПрограмИграм во Scratch.

Обуката – Програмирање за деца „ПрограмИграм™ во Scratch“ е наменета за изучување на програмскиот јазик Scratch преку користење на наставната програма „Creative Computing Curriculum“. Наставната програма за Creative Computing e развиена од Harvard Graduate School of Education. Оваа програма е светски докажана и досега Едуфронт важи за лидер во Scratch кодирање за деца.

Сите заинтересирани родители и деца ќе може да се пријават за посета на работилниците и да дознаат повеќе за кариерите кои можат да им го сменат животот на подобро. На овие онлајн настани учениците ќе може да искусат работилница и сегмент од програмскиот јазик кој ќе се изучува, а родителите ќе можат директно да ги добијат информациите кои ги интересираат. 

Досега, Едуфронт континуирано допринесува и со бесплатни онлајн сесии за програмирање на деца со HTML/CSS и Python. Општествено придонесува со споделување на знаење и преку отворени вебинари со едукатори, психолози и родители. Последниот отворен вебинар беше со 2200 гледачи во живо каде се водеше разговор за навремена дигитална адаптација на едукаторите, родителите и децата тука.

Следете ја ФБ страната и бидете во тек за следните работилници и обуки со зачленување во заедницата тука.

ЕДУФРОНТ e едукативен центар за компјутерско образование посветен на поттикнување на способностите за решавање на проблеми и иновативниот дух и развивање на дигиталната писменост кај децата од најрана училишна возраст. 

Иновативните процеси им помагаат на децата да го трансформираат она што го учат во сопствените пронајдоци. За време на програмите, децата се запознаваат со прототипови, дизајнирање, тестирање и итерација, како и сите важни аспекти на процесот на иновации. Наставата ја водат врвни едукатори кои знаењето до учениците го пренесуваат преку напредни методологии на забавен начин.

ПрограмИграм™ e заштитена трговска марка на ЕДУФРОНТ од кои најпознатите и најбараните различни програми за деца од 6 до 14 години се за ПрограмИграм Мини во Scratch Jr., ПрограмИграм во Scratch, ПрограмИграм во HTML/CSS/JS и ПрограмИграм во Python. 

Прва програма е ПрограмИграм во Scratch (кодирање во Scratc) со која се изучува програмскиот јазик Scratch преку користење на наставната програма „Creative Computing Curriculum“.

Наставната програма за Creative Computing e развиена од Harvard Graduate School of Education. Taa e збирка на идеи, стратегии и активности за воведно искуство во креативна работа со компјутери користејќи го програмскиот јазик Scratch. Обуката е наменета за деца од 8 до 12 години.

Во обуката ПрограмИграм во Python за деца“ се изучува програмскиот јазик Python преку користење на иновативни методи.  Овaa обука ќе им обезбеди на учениците забавен начин да научат вештини за кодирање. Концептите се објаснети на толку едноставен начин, што секој може да научи да кодира. На крајот на обуката, учениците ќе можат да прават едноставни пресметки, да прават списоци и да научат како програмирањето може да се стави во практична употреба. Обуката е наменета за деца од 10 до 14 години.

Во обуката ПрограмИграм во HTML/CSS/JS се изучуваат скрипт јазиците HTML, CSS  и програмскиот јазик JS преку користење на едукативната платформа codemoji.com. Секое дете ќе има пристап до платформата codemoji.com и активностите на неа преку свој кориснички профил. Со оваа обука децата ќе ги усвојат основите на изработка на скрипти во HTML и CSS преку интересен и лесно разбирлив метод, ќе ги комбинираат знаењата од HTML и CSS и  примена на двата јазици за да се создаде стилизирана веб страница. Исто така ќе ги усвојат основите на програмирањето во JS и ќе знаат да изработат игра и апликација со сите научени скрипти и јазици. Обуката е наменета за деца од 10 до 14 години.

Групите на ученици за секоја обука се состојат од 6 до 8 деца. Часовите се оддржуваат онлајн, со користење на платформата Zoom за комуникација и присуство на наставник којшто го води часот и ја следи работата на учениците. 

Повеќе информации на www.edufront.mk