REFAN-Светски водечки бренд

од  |  0 коментари

Приказната на Рефан се води со интелегентниот начин како да се произведуваат висококвалитетни парфеми и да се продаваат по атрактивни цени. Голем избор на наливни и пакувани парфеми и природна козметика со највисок квалитет и повеќе од 500 продавници во 50 држави на сите 5 континенти низ целиот свет. Некои од нив се Романија, Македонија, Србија, Данска, Хрватска, Словенија, Унгарија, Франција, Кипар, Русија, Турција и многу други.

Основата на Рефан Бугарија е во 1991 година. Стефан Попов ја основа својата семејна компанија и ја именуваше Рефан ( по имињата на неговата сопруга Рени и самиот Стефан). Водени од неговата страст за убавина и неговиот неверојатен вкус за фини мириси, со примена на бугарската традиција на парфимерија и долгогодишно знаење основа ароматична и мирисна компанија која постои и расти и до ден денес.

Благодарение на тоа денес Рефан е светски водечки бренд – симбол на висок квалитет и престиж. Компаијата постојано и успешно ја води синот на г-дин Стефан Попов, Ангел Попов, кој го модернизира и понатаму го развива бизнисот на меѓународно ниво. Се води со тоа што изнаоѓа најдобри решенија за потребите на потрошувачите.

Така речиси 25 години компанијата произведува висококвалитетни парфеми во најголем дел, нудејќи економски, еколошки начин за нивна продажба. Можeте да купувате парфеми за различни прилики, во различни количини во стаклени шишиња што се обновуваат.. Со максимален квалитет по конкурентни цени.

Женски и машки наливни парфеми со висок квалитет. Имаат листа на парфемите од кои се инспирирани, поделини во различни категории: цитрусни, ориентални, цветни, дрвенести и др.

Имаат широк спектар на  брендирани производи богати со природни формули: голема разновидност на мириси, специјализирана и телесна козметика, рачно изработени глицерински сапуни, рачни свеќи, производи за ароматерапија, бањски соли, масло и овошни ексфолијанти.

Фабриката е опремена со модерни капацитети за производство на парфимерија и козметика: Меѓу нашите главни снабдувачи на производна опрема се следните светски познати продуценти: Фрима Корума – Швајцарија / Германија, Ватрон Мау – Фран.

Новите трендови и бенефити на природна козметика со Рефан следете ги на facebook фан страната и бидете секогаш чекор понапред!