Сокријте ги недостатоците со гардеробата

од  |  0 коментари

Ги забележавте недостатоците на Вашето тело и сакате да ги сокриете? Не грижете се, ние ќе Ви дадеме ефикасни совети и одлични комбинации кои сигурно ќе Ви помогнат.

Како да го сокриете вишокот на рацете?

Доколку сакате да го сокриете вишокот од внатрешната страна на рацете, носете блузи и блејзери со темни и тесни ракави.

Совет: гардеробата со три – четврт ракави ќе направат илузија дека имате потенки раце, посебно доколку е во прашање облека со темна боја.

Предлог:  Црн класичен комплет со овален изрез кој ќе има три четврт ракави. На овој начин ќе истакнете тенок дел на рацете околу зглобовите .

Како да ги сокриете посилни нозе?

Доколку имате мускулести нозе со истакнат квадрицепс, никако не ја носете широката облека која дополнително ќе ве зголеми.

Совет : плик – сукна со должина до под колено визуелно ќе ја издолжи Вашата става, а во исто време и нозете.

Предлог: Карирана сукна и струкирана кошула  е совршена деловна комбинација. Атрактивноста на дезените, покрај моделот кој идеално ви одговара, ќе има дополнителен ефект да го оттргни вниманието од нозете.

Како да го скриете стомакот?

Бидете внимателни кога купувате панталони. Длабокиот струк е идеален за да го сокриете стомакот додека понизок струк го истакнува и не е убаво на изглед.

Совет:Кога ќе ги купувате панталоните водете сметка да бидат без набор однапред бидејќи наборите го истакнуваат стомакот и ја прават вашата става поголема.

Предлог: Комбинирајте ги пантолоните со длабок струк со блуза со V израз. Не заборавајте да ставите убаво ланец која привлекува внимание и го истакнува вратот.

Како да ги сокриете широките колкови?

Ако носите темни бои и тесна сукна или пантолони, ќе направите визуелна илузија на витка става и најдобро ќе ги сокриете широките колкови.

Совет: Темните здолништа секогаш визуелно стеснуваат, но многу е битно никогаш да не се држите подгрбавено бидејќи во спротивно ќе изгледате пониско и подебело. Фустаните и палтата со колан околу струкот се идеални за Вашата става.

Предлог : Со тренч  палто истакнете го Вашиот адут- многу помал струк во споредба со другите делови на телото. Овој модел е идеален за вашата става и Ви предлагаме да облечете тесен фустан со каиш околу струкот.