Секогаш актуелни совети на Коко Шанел

од  |  0 коментари

Една од најславните модни дизајнерки кои смело владееле на париската модна сцена, Габриел Коко Шанел во модниот свет оставила видлива трага. Со својата работа, стил, појава, животната филозофија, беше и останала инспирација на жените од целиот свет.

Незиниот славен Шанел костум и понатаму е меѓу неприкосновени, модни комбинации на сите жени од стил, а меѓу првите кои го има носено е некогашната прва дама на САД Џеки Кенеди, една од најелегантните дами на сте времиња. Прославениот мал црн фустан на кои и ден денес им се благодарни сите припаднички на понежниот пол, го има прославено актерката Одри Хепберн во антологискиот филм ῎Појадокот кај Тифани῎.

Сепак, нејзината најпозната и нај продаваната креација е парфемот Chanel No5, првиот парфем во историјата кој се има продадено на сите меридијани, а го има користено и славната Merlin Monro. Славната Коко сметаше дека жената без парфем е жена без иднина, а славниот Chanel No5 е и понатаму меѓу најбараните парфеми на светот. И покрај тоа што поминаа неколку децении од нејзината смрт, модните правила и совети до кои се има придржувано Коко Шанел станаа вечни и неприкосновени. Добро запомнете ги следни нејзини зборови:

Основено модно парче – мал црн фустан поминува во секоја прилика.

Пронајдете што Ви одговара – најдобра боја на светот е она која добро Ви седи.

Доколку се премислувате, изберете монохромски бои – жените мислат на бои, а забораваат на црната и белата кои се преубави, а заедно прават совршен склад.

Не се двоумите да ја пробате гардеробата – фустанот може да изгледа убаво на вешалка, но тоа не мора ништо да значи. Дури кога ќе го облечете, ќе видите дали добро го истакнува струкот, нозете и рацете,

Потрудете се – не ги разбирам жените кои не се дотеруваат барем малку пред да излезат, ако ништо друго од чиста пристојност. Освен тоа, никогаш не знаете, можеби тој ден ќе се сретнете со својата судбина. А во пресрет со судбината сигурно сакате да изгледате што е можно подобро.

Помалку е повеќе – при клавањето на модните додатоци, секогаш извадете го последниот – на тој начин нема да претерате.

Не ја следите слепо модата – модата се менува, но стилот останува.

Доколку сакате да Ве забележат, бидете шик – облечете нешто со лош квалитет и луѓето ќе се сеќаваат на фустанот кој го имате носено, облечете се квалитетно и луѓето Ќе Ве паметат Вас.

Задолжително – секоја жена би требало во незиниот плакар да има сако од твид.

Жена со стил – жената би требало секогаш да биде елегантна и неверојатна.