Секогаш атрактивни шарпи

од  |  0 коментари

Во тренд е во текот на целата година, а секоја сезона ни донесува нови модели и бои. Шарпата е една од вечните детали, па поради тоа често е присутна во многу дизајнерски колекции. Предноста на овој моден детал е пред се можност да се комбинира со различните стилови: спортско-елегантен, кежуал, гламурозен. Освен тоа, шарпата е вистинското освежување во секоја комбинација, и без оглед на моделот секогаш е впечатлива.

Во ова сезона се истакнуваат модели со крупни цветни дезени во јаки бои кои се носат со фустани и туники. Исто така се интересни шарпи со актуелен геометриски принт, но и модели со анимал шари во сите бои. Многу убаво во сите варијанти изгледаат шарпите кои се изработени од светкави материјали, со перли, светулки, метални украси …