Што вашиот изглед кажува за вашето здравје?

од  |  0 коментари

Доброто здравје често се рефлектира со привлечен младешки изглед. Најчесто го обвинуваме стареењето , годините како и стресот за брчките на лицето, грубите раце, губитокот на коса, но всушност овие маани може да бидат знаци на потајни проблеми со здравјето.Еве неколку знаци кои укажуваат на тоа што вашиот надворешен изглед кажува за вашето здравје

1. Уморни очи и подочници под очите

Малите ќесиња под очите се типичен знак за умор и непреспиени ноќи. Доколку често заприметувате појава на подочници кои се најчесто физички се предизвикани од задржување на течност во тенката кожа под очите. Многу нешта од алергии до плачење можат да предизвикаат ќесиња под очите. Храната богата со сода промовира задржување на вода во телото , а истиот ефект го има и јадењето н храна со многу сол. Доколку забележувате честа појава на подочници намалете го внесот на сол и ќе уживате во свежо и неуморно лице.

2. Брчки

Брчките се неизбежни, но исто така може да бидат знак за остеопороза. Колку повеќе имате знаци за појава на брчки, толку повеќе е зголемен ризикот за намалена цврстина на коските. Повечето брчки се знаци за стареење, но доколку пишите цигари и не користитите дневен крем за заштита од сонце па макар и во зима, тогаш ризикувате да имате зголем број на брчки на лицето во споредба со вашите врсници/врснички.

3. Екстензивно опаѓање на коса

Се соочувате со опаѓање на косата? Бременоста, стресот, одредена болест и медикаменти и апчиња се најчестата причина за влијаење врз хормоните кои директно влијаат врз губењето на косата. Кај жените со сува, слаба и безживотна коса, предизвикателот може да биде помалку активна или премногу активна тироидна жлезда. Еден единствен кревн тест може да открие дали хормоните на тиродината жлезда ви се проблемот.

4. Испукани усни

Испуканите усни најчесто се јавуваат при промена на влажноста на воздухот и недостиг на витамини. Испуканите усни можат многу да кажат околу вашето здравје. Многу испуканио и суви усни може да бидат индикација за реакција на медикаменти, алегија, инфекција. Пукажњето на краевите на усните може да биде знак за појава на Sjögren’s – Шогрен  синдром односно пореметување на имуниот систем кој може да предизвика многу сува уста, болки во зглобовите и сува кожа. Во Америка овој синдорм се јавил кај повеќе од 4 милиони Американци, а типично најзастапен е кај жени. Па затоа дами ве советуваме да обрнувате внимание врз вашиот имун систем при појава на вакви симптоми затоа што имуниот систем е штит за вашето здравје.

5. Темни линиии околу вашиот врат

Дебел прстен од темна кожа на задниот дел од вашиот грб може да изгеда како да вби е потребен скраб за вашата кожа. Во реланоста тоа не е дел од кожата на која и е потребно повеќе внимание, и може да претставува симптом за  acanthosis nigricans. Најчесто ова се појавува кај луѓе при резизтентност на инсулин, при појава на дијабетис, дебелина, ретки болести, рак и слично. Доколку забележувате вакви симптоми ве советуваме да разговарете околу ни со вашиот лекар.

Работите што ни се чини дека се незначајни можат да предизивикаат поголеми проблеми отколку што воопшто и замислуваме дека се реално способни, за таа цел одредени состојби поврзани со нашето тело најчесто се јавуваат низ мали сигнали преку различни незначителни појави по лицето, телото и кожата.