11 Чекори како да направите масажа на грб како професионалец

од  |  0 коментари

Постои само едно подобро нешто од добивање на масажа, а тоа е правење на масажа. Релаксирањето на мускулите на грбот по напорна работа , стрес и долга недела се чини толку ослободувачко што ќе направи да се чувствувате препородени. Доколку сакате да ја изненадите својата сакана еве како да и приредите едно мало изненадување- научете се како да правите масажа низ неколку брзи и едноставни чекори.

1. Како подлога можете да го изберете каучот, креветот од спалната соба или пак масата од кујната.

2. Првиот чекор по одбирањето на подлогата е ставање на перница во делот каде што ќе е градниот кош на вашата драга, а над перницата покриете еден чаршав

3. Пуштете малку музика, затоплете ја просторијата, испрскајте ароматичен мирис од лаванда и запалете свеќи

4. Лицето треба да легне со грбот нагоре, под главата се става свиткана крпа, а исто и во делот на нозете

1

5. Откако лицето ќе легне, протријте малку есенцијално масло од лаванда или пак камилица чија основна цел е опуштање , па затоплете го маслото со вашите дланки и започенете прво со масирање на рамената.

2

6. Масирањето треба да се одвива од половината нагоре со цел лицето кое е масирано да не почувствува досада. Нежно масирајте го незиниот грб со циркуларни движења нагорно по средината на грбот.

3

7. Започнете со кревање на мускулите од надолу до нагоре 2-3 пати последователно. Раката направете ја во форма на канџа од рак, односно во форма на буквата “L”. Раката движете ја во насока на вашиот палец, со правење на притисок, а потоа свртетеја направената тупаница однаопаку во насока на допирање на зглобот и нежно циркуларно вршете постепен притисок врз грбот.

4

8. Кога масирате гледајте не вршете голем притисок врз рбетниот столб, затоа што лицето кое го масирате само ќе се чувствува неудобно и ќе сака побрзо да прекинете со тоа што го правите.

5

9. Со рацете постепено кревајте го трапезот во насока одгоре -надолу


670px-Give-a-Back-Massage-Step-19

10. Застанете над главата на лицето кое го масирате и вршете притисок со прстите врз две по две точки напоредно со левиот и десниот палец од рацете. Оваа техника има за цел ослободување на точките на притисок од грбот и намалување на стресот кој најчесто мислиме дека се акумулираво вид на напнаост и укоченост во грбот и рамената.

k

11. За крај раширете ги прстите од дланиките и полека поминете врз целиот грб од горе надолу до слабините и повтпорете ја оваа точка 5 пати.

jk

Ефектот на оваа масажа ќе биде толку ефикасен колку што ќе се потрудите правилно да ги следите чекорите, но имајте во предвид дека актот и самото тоа што сте се потрудиле да научите нешто ново ќе допринесе кон зацрвстување на врската и покажување воедно и на грижа за другиот.