Сменете ја просторијата со помош на боја

од  |  0 коментари

Бојата пресудно влијае на големината на просторијата – од помала прави поголема, а од поголем прави поинтимен и попријатен за боравење. Светлите бои го зголемуваат просторот, а темните го намалуваат, така во зависност од Вашата способност да се играте со контрасти ќе зависи и крајниот резултат. Почитувајте го ова правило и научете ги триковите со чија помош ќе ја зголемите собата и ќе го кревате, односно спуштете плафонот.

Малите простории ќе изгледаат поголеми ако таванот и ѕидовите ги обоите со светли тонови на една боја. Преминот помеѓу бојата на ѕидот и таванот треба да биде што е можно по незабележителен.

Просторијата со низок плафон ќе делува повисоко ако таванот и ѕидовите ги обоите со различни бои. Таванот се премачкува со посветла боја, и тоа точно до ивицата. Просторијата со високи ѕидови ќе изгледа поубаво и потопло ако таванот го обоите со потемна боја. Доколку ѕидовите се многу високи, тогаш бојадисајте ги со појака контрастна боја. Во овој случај во горниот дел на ѕидот со бојата со која го бојадисавте плафонот направете бордура која ќе биде широка 10 центиметри.

БЕЛО – ЧИСТО

Белите ѕидови и таванот им дават на просториите неутрална светлост, ги прави големи и широки. Се сложува со сите други бои и материјали, па совршено ги истакнува деталите во просторот. Бело бојадисани ѕидови подеднакво се добар избор за секој стил кога сакате да го уредите домот.

НЕЖНИ ТОНОВИ – ЕЛЕГАНТНО

Просторот кој е бојадисан со тоновите како што се боја на песок, дискретно светло зелена или со светло сина совршено е за современо уредување  и опремување на становите. Таквите ѕидовине се упадливи, па мебелот и деталите привлекуваат внимание. Доколку не сакате да Вашиот дом изгледа ладно и стерилно, задолжително разубавете го со некој старински мебел.

ЗЕМЈАНИ ТОНОВИ

Потемни тонови идеални се за простории наменети за одмор, релаксирање и уживање. Плафонот не треба да биде бојадисан во бело, туку треба да биде тониран. Овие бои не користење за варосување на мали соби бидејќи дополнително ќе ги смалите и ќе ги направите потемни.

СИЛНИ БОИ – РАДОСНО

Ако во Вашиот дом нема многу мебел, а сакате да ги истакнете одредени детали, тогаш боите како што се сина, црвена и жолта се идеален избор. Во таков бојадисан простор одлично се вклопуваат современиот мебел изработен од модерен материјал. Таванот мора да остани бел.

Кругот на боите е едноставно и генијално орудие со чија помош и луѓе кои не се многу упатени можат самите да создадат хармонија спојувајќи ги две или повеќе бои.

На кругот можи да биде прикажано многу различни бои, но најважно е да се логично наредени.

Комплементарните бои се наоѓаат на спротивната страна на кругот. На пример портокаловата и сина, виолетова и жолта, црвена и зелена.

Аналогни се соседните бои кои се наоѓаат лево или десно од она која ја имате избрано, а ако ги има повеќе, се најдуваат и лево и десно.

Тријади се трите бои одредени со еднакостаничен триаголник. Кога го гледате кругот на боите и на него поставете замислен триаголник, бои кои се поврзуваат со врвовите на триаголникот се тријади. Монохроматски спектар преставува една боја провлечена низ спектарот од црна кон бела боја, со што се добиваат посветли и потемни нијанси на та боја. Нема да згрешите ако користете која и да било од овие веќе спомнати техники на спојување на бои.