Зошто да изберете Италијански мебел?

од  |  0 коментари

Италијански мебел е стил на мебел , кој секогаш е препознатлив и има вредност во целиот свет. Тоа е класичен стил со шарм и неформалност , кој изненадувачки  стана многу популарен.  Исто така познат како тоскански стил за подрачјето на Италија со високо декоративни дизајни, кои се комбинираат  со други материјали, како што се мермер и железо.  Италијанскиот мебел, исто така подразбира комбинација од уникатни архитектонски елементи во рамките на дизајн кој  има цврста структура, што го прави одличен на изглед и пријатен за секој дом.

.

Карактеристика на италијанскиот мебел е тоа што направен е од квалитетна кожа, со можност на развлекување на деловите направени од железо, интересни мозаици и декорирации. Тоа се едноставни карактеристики и дизајни на овие структури што го прават италијанскиот мебел толку препознатлив за разлика од другите странски производители.

Кога станува збор за италијански мебел , постојат голем број различни стилови од кои може да изберете. Барокен стил, ренесансен стил и рококо стил се сите дел од мебел стиловите на Италија кои се сложени во изгледот и дизајнот. Тие се разликуваат од останатите во големината и висината на украсниот дизајн.

Италијанскиот мебел, како што рековме изработен е од природна кожа. Таа не е хемиски обработена, па затоа има многу висока способност за апсорпција и е многу чувствителна на сите видови течности, масти и супстанции.

Затоа дамките кои се појавуваат треба веднаш да се отстранат, за да се избегне нивно ширење кое подоцна ќе биде тешко за отстранување.

Погледнете неколку начини на кои можете да ја одржувате кожата на вашиот мебел:

Кожата одржувајте ја 1-2 пати во месецот, или почесто доколку е потребно. После чистење, површината избрижете ја со чиста и сува и крпа.

• Водата е забранета – чистењето на кожната гарнитура со вода е забрането бидејќи кожата пука од влагата. Меѓутоа, дозволено е да се пребрише со влажна крпа, а потоа да се пребрише со сува мека крпа.

• Спрејот е најдобар – за одржување на кожниот мебел најдобри се средствата во форма на спреј. Со нив се прска мебелот, а потоа се пребришува со сува мека крпа.

• Крема – Не ја употребувајте често. Доволно е на секој 3-4 месеци да го премачкате кожниот мебел и тој ќе остане мазен и мек.

• Чистење на прашината – еднаш неделно, ако се собира во превоите. На тој начин ќе избегнете собирање на поголеми количества на прашина и прибегнување кон поагресивни методи.

• Восок – не е погоден за чистење на кожен мебел бидејќи ги затнува порите и повеќе ја привлекува прашината.

Планирате да купувате нова гарнитура? Одлучете се за нејзиниот изглед и повелете во Lectus Group Furniture на адреса Огњен Прица бр. 1/4 лок. 6 , 1000 Скопје!