Софа Студио советува: На кои карактеристики треба да внимавате кога купувате мебел?

од  |  0 коментари

Просторијата која има фантастичен мебел  достојна е за внимание и пофалби.  Добро уредената просторија со пријатен и интересен ентериер дава позитивни визуелни импресии на многу гости, а секако е пријатно место и за оној што таму престојува.

Доволно вистинито е дека не постојат генерички квалитети во однос на бојата, ткаенината и слично, кои ќе ја утврдат класата на мебелот.

Визуелната вредност на било кој мебел е субјективна, од причини што секој има свој стил и квалитетот го вреднува според различни карактеристики и видувања.

И покрај тоа што не може да се изработи модел кој ќе ги задоволи вкусовите на сите клиенти, споделуваме со вас некои карактеристики кои сметаме дека за секого се важни.

model-mila-fw

 

  1. Безвременска класика

Во овој дел, може да се посочи дека мебелот добива шармантен сјај доколку просторијата е убаво осветлена. Што се однесува на скромноста и едноставноста на мебелот, во смисла на дизајн, лесно може да бидат забележани. Иако едноставноста на истиот може сите различно да ја разберат. Зошто некој сака различен вид материјал, различна форма на мебелот, чисти или дизајнирани материјали, кожа или мебел штоф…

2. Корисност

За многу луѓе, лесното користење на мебелот и неговата функционалност се предност.  Мебелот со склопување кој заштедува простор го обожаваат сите, софите, фотелјите кои се комфорни ги сакаат сите. Особено ако мебелот се користи во различни сфери за домашна или надворешна употреба, или наменет е за семејство со деца.

3. Лесно за чистење

Одржувањето и лесното чистење на мебелот се од голема важност за оној што го купува мебелот. Особено кога станува збор за чистење на штетните бактерии и вируси.

baterflaj-m1-tr

4. Дизајн изработен според потребите

Ова е голем фактор при донесување на одлука дали некој модел на мебел ќе се купи или не. Доколку одредена софа или гарнитура се дизајнирани во димензии кои одговараат на просторијата каде ќе се смести, тоа убаво и ќе изгледа. Доколку е поголем од потребното, просторот ќе се затвори и просторијата ќе изгледа мала и пригушена.

5. Трајност

Долгогодишната употреба на мебелот е гаранција за квалитетно изработен мебел. Затоа, со клиентот пред купување треба да се разговара и да се споделат со него информации за квалитетот, изработката, трајноста, материјалот, одржувањето и слично,  кои се и фактори за негова трајност.

Повеќе информации за мебел дизајниран според вашите потреби ќе добиете на телефон: 02 321 2708 или доколку не посетите на улица Дане Крапчев бр 29 во Скопје.