Изборот на ткаенини и одржувањето, продолжувачи на рокот на траење на мебелот

од  |  0 коментари

Микрофиберот е еден вид на многу фин полиестер кој е мек, но издржлив, лесен за чистење и со конкурентна цена. Бидејќи е мазен и има екстремно тесни  плетки, лесно се четка од влакната на миленичињата.

Вештачката кожа е популарен избор за оние чија совест не им дозволува да земат дома вистинска кожа. Отпорна е и издржлива, изгледа богато и луксузно. Одлична алтернатива на природна кожа и добар избор за фамилија со деца.

Жанила, исто така, изгледа елегантно, а освен тоа е поцврста од други материјали. Направена од памук, но често создадена и од синтетички материјали, како вискоза или олефини.

Акрилни влакна личат на волна и се меки на допир. Тие се многу издржливи, особено на дамки, набори, и не бледнеат лесно. Цената во однос на останатите материјали е прифатлива.

Синтетиката може да имитира повеќе природни материјали, а освен тоа позитивно е што се отпорни на дамки. Додека памукот и ленот се материјали кои не се толку лесни за чистење или толку силни како синтетиката, особено микрофиберот.

Мешавините на синтетички и природни влакна имаат тенденција по кратко време да се лупат, но може да бидат поотпорни на избледување и истегнување. Синтетичките материјали најчесто користат мешавини како полиестер, акрилни влакна, олефини, и винил, но со памук и полиестер мешавините се најпопуларни засега. Додавањето на полиестер го прави памукот потраен и погоден за секојдневна употреба.

Избор на најдобрите ткаенини

Ткаенината која е вткаена цврсто има тенденција да биде потрајна од ткаенината со лабава плетка. Материјалите кои се полабаво ткаени може да се повлечечат или испуштат лесно. Тоа е исто како и со постелнините, бројот на конци го одредува квалитетот на ткаенината. Колку е поголем бројотј на конци толку квалитет на ткаенина е подобар.

Одржување на мебел

Секогаш трудете се да ги следите упатствата за заштита или чистење на софата. Некои модели на гарнитури може да се чистат со производи базирани на вода, додека други подобро би се одржувале со хемиски производи.

Некои модели можеби ќе треба да се третираат со специјални производи кои ќе обезбедат трајност, па бидете сигурни дека ќе треба малку да истражувате пред купување на вашиот мебел  од кожа,  други природни материјали или синтетички материјали.

Доколку нашите совети ви се допаѓаат и сметате дека се интересни, следете не на фан страницата Софа Студио.