СОРАБОТКА МЕЃУ ВОЛВО КАРС И НОБЕЛ МЕДИА
Продлабочување на човековото откритие
Со особена гордост ја објавуваме соработката помеѓу Volvo Cars и Нобел Медиа, средба на две шведски институции, чија заедничка одлика е посветеноста кон продлабочување на човековите откритија.
„Volvo Cars верува во технологија која им служи на луѓето, не технологија сама за себе.
Подеднакво, Нобеловата организација не верува во науката сама за себе, туку во наука за подобар
свет“, изјави Бјорн Анвал, потпретседател за стратегија, бренд и продажба на Volvo Cars. Нобеловата награда служи за поголемото добро на човештвото, вели Анвал. Според него, „помага да се поттикнат науката, знаењето, мирот и академските постигнувања и дава глобално признание на оние кои го постигнале тоа. Навистина сме горди и почестени да помогнеме да се рашири таа порака“.
Компанијата Volvo Cars ќе обезбеди и практична помош, на повеќе начини, на Нобел Медиа. Триесет возила, од моделите XC90 и S90, ќе ги транспортираат Нобеловите лауреати и VIP личности за време на Нобеловата недела во Стокхолм, декември годинава. Бидејќи е официјален автомобилски партнер, Volvo Cars ќе ги вози врвните академици и други VIP личности до Нобел Медиа конференциите и настаните ширум светот, вклучувајќи ги Нобеловите награди во Индија и Нобеловите дијалози во Јапонија во 2017. Дополнително, Volvo Cars ќе ја промовира соработката низ социјалните медиуми и други иницијативи. Официјални возила за Нобеловата недела 2016 се Volvo XC90 Inscription и Volvo S90 Inscription.
Гордо скандинавски, вистински глобален
„Основната вредност на Volvo Cars е да се биде горд Скандинавски бренд, но во истовреме вистински глобален. Ова е нешто што совршено се поклопува со духот на Нобел Медиа“, вели Анвал.
„Од нејзиното основање во 1901, Нобеловата награда ги слави извонредните глобални достигнувања во литературата, науката и мирот“ додава тој. „Volvo Cars, исто така, има глобална перспектива, уште од самиот почеток. Ова партнерство ќе помогне да се издигне брендот на Volvo во земјите во кои не сме добро познати, како Индија, каде што ќе се одржува серијалот на
Нобелови награди во 2017, настани кои на едно место ги собираат лауреатите, академиците и корпоративните лидери.“
Volvo Cars верува дека ова партнерство ќе помогне да се подигне стандардот на новите дипломци кои ќе се приклучат на компанијата. „Сакаме да инспирираме што повеќе врвни студенти да се приклучат на Volvo Cars. Ова партнерство ќе го зајакне нашиот однос со академите и врвните универзитети и ќе ни помогне да ги привлечеме најдобрите дипломирани студенти од целиот свет“, вели Анвал.