Како науката ги перцепира натприродните сили?- Одговорот на Ајнштајн на прашањето за молитвата

од  |  0 коментари

Пробувајќи да одговорам што поедноставно на твоето прашање…’’ , гласи почетокот на писмото кој научникот Ајберт Ајнштајн и го пратил на Филис, младо девојче кое го запрашало – Дали научниците се молат на Бог?
Девојчето по име Филис напишала пристојно писмо на почетокот на 1936 година адресирано до Ајнштајн, барајќи одговор од него дали научниците се молат на Бог.
Одговорот на љубопитното девојче научникот го пратил за само 5 дена.

“Ќе се потрудам што поедноставно да одговорам на твоето прашање ..
Научниците веруваат дека секоја појава, дури и оние поврзани со човековите суштества се случува под дејство на законите на природата. Од таа причина, научникот не може да виде наклонет кон верувањето дека на тоа случување може да има влијание молитвата односно желбата која се манифестира природно.
Сепак морам да ти признаам, дека нашето знаење за тие сили е несовршено, па на крај верувањето во постоењето на врховен дух се заоснова врз постоењето на некоја религија. Таквото верување сеуште е распространето и покрај последните достигнувања во науката.
Но исто така, секој кој сериозно се занимава со науката останува уверен дека некоја некоја врста на духовност се манифестира во законите на универзумот и дека таа е многу посупериорна од човекот. ”
Иако ова писмо не открива многу за Ајнштајновите лични уверувања, неговото објаснување ја искажува неговата наклонетост кон н ауката пред религијата…

Извор: Sensa.rs