Спасете го своeтo тело и ум-научете како правилно и здраво да спиете.
Тешко се будите и секогаш го одлагате станувањето од кревет ? Секогаш ви недостасуваат оние 5 минути кои на крајот се претвораат во саат време? Ве мачи утринската исцрпеност, често се чувствувате како воз да ве прегазил? Не грижете се! Станува збор само за вашите лоши навики и неправилно спиење.
,,Ќе спијам кога ќе умрам се,,- коментар кој се почесто го слушаме во ова турбулентно време во кое живееме и се негде брзаме, јуриме кон секојдневните борби за да си ја обезбедиме сопствената егзистенција.Меѓутоа доколку сакаме да ,,преживееме,, мораме да му го обезбедиме на своето тело и ум неопходниот одмор, односно квалитетен сон- бидејќи тие тоа навистина го заслужуваат!
Имате ли здрав и квалитетен сон или пак сте од оние кои што се будат исцрпени,нервозни и неможите нормално да функционирате ,имате проблем со концетрацијата,помнењето? Ако е тоа така променете ги вашите навики веднаш! Пред тоа да стане сериозен проблем, бидејќи основата на добриот сон се здравите навики за спиење.Доколку пак сте од оние кои се чувствуваат свежо кога ќе станат од кревет,стануваат веднаш штом алармот заѕвонил, спиете дневно од 7-9 часа. Ако ова се потврдни факти за вас ,тогаш со сигурност имате здрави навики и квалитетен сон!
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ги поправите своите лоши навики така што позитивно ќе делуваат на вашето здравје и ќе ви помогнат нормално да функционирате крос текот на целиот ден.
Одберете го точното време за спиење, кога ви е најлесно да потонете во сон. Настојувајте тоа да биде осум сати пред,пред времето што треба а станете. Сигурно се прашувате зошто баш 8 часа? Затоа што истражувањата покажале дека на секои два часа во будна состојба, на организмот потребно му е 1 час одмор.Ова се разбира се однесува само на воздрасните. Нашата потреба за спиење, сепак, зависи од возраста. Според класичната поделба, бебињата спијат 14 до 15 часот, децата на предучилишна возраст им е потребно 12 до 14 часа спиење, а учениците треба да спијат 10 до 12 часа на ден.Обидете се да го одржите стандардниот ритам на во текот на неделата. Ако не може да се разбуди без аларм, тоа значи дека вашите осум часа спиење не се доволно. Па во наредните седум дена, приуштете си 15 минути или половина час подолго, се додека не успеете да се разбудите некоја минутка пред звукот на алармот. Кога ќе го постигнете тоа и ако цел денс е чувствувате одморени, значи дека сте го пронашле вашето оптимално време резервирано за добар и квалитетен сон. Тоа е добар почеток!
Викенд спанковци
Ова е за вас кои едвај чекаат да дојде викенд, па да се изнаспијат. Запомнете дека за време на викенд неможе да се надомести за недоволното спиење во текот на целата седмица. Важно е дека секој ден да одите во кревет во исто време, вклучувајќи ги и викендите. Оваа задача сигурно ќе им падне најтешко- ,,ноќните викенд птици ,,
Попладневна дремка не е загуба на време
Кога ќе е нарушен сон во текот на ноќта, добро е во текот на денот да се одмори. Се вели дека кратка попладневна дремка е добра за срцето и го продолжува животот. Тоа е корисно затоа што му помага на телото да се релаксира и одмори, секако и за подобрување на расположението и концентрацијата. Сепак, дремката не е за секого. Некои луѓе едноставно не можат да спијат во текот на денот. Дали страдате од несоница или лош сон, дремката може само да ги влоши работите. Штом попладневната дремка трае подолго, тоа е повеќе веројатно дека полошо ќе спиете ноќе. Идеално време за попладневна дремка е од 20 до 45 минути, по можност во попладневните часови, во периодот помеѓу 14 и 16 часот.
Сега кога сте сигурни за здравите и добри навики кои ќе ве одведат до квалитетен сон и подобар живот, обидете се да ги примените веднаш! Доколку не ви бидат од помош консултирајте со вашиот лекар.