Изгубете го вишокот на килограми со конзумирање на “Супер-Храна”  

од  |  0 коментари

Конзумирањето на здрави и хранливи производи не само што може да ве доведе до постигнување на баланс на здравјето и совршено  функционирањето на вашиот организам, туку може да биде поттикнувач на топењето на мастите. А како? – Па нормално со конзумирање на “Супер-Храна”.  Производите кои спаѓаат во листата на Супер Хранливи производи ( грејпфрут,  авокадо, овес, грав,  цитрон, крушки, боровинки, итн ) се производи со низа на здрави нутритивни компоненти кои помагаат при градењето на коските, спречувањето на хронични болести, подобрување на видот и одржување на психичкиот баланс.

Но дали знаевте дека постојат и научни докази кои овие Супер -производи ги ставаат на листата на производи кои треба да се конзумираат и за губење на вишокот на телесни масти и одржување на физичкиот баланс и идеална тежина?

Грејпфурт (т.н Црвен Цитрон) во себе содржи активна состојка наречена tangy, која помага при намалувањето на инсулинот- хормонот за складирање на мастите и притоа да доведе до губење на вишокот на килограми (масти). Со конзумирањето на половина цитрон пред секој оброк, за време од еден месец без други промени во исхраната вие ќе изгубите до 1 килограм.

oats-superfood-400x400

Овес- Овесните снегулки се богати со растителни влакна кои ја забрзуваат фукнцијата на варењето на храната, ве заситуваат а воедно се доста хранливи и здрави. Доколку сакате да изгубите по некој килограм внесете барем половина шоља на овесни снегулки дневно во вашата исхрана затоа што таа доза содржи 4.6 g на отпорен скроб кој обезбедува забрзување на метаболизамот и горењето на мастите во текот на денот.

 

 

 

 

 

 

imagesГрозје – Resveratrol-от претставува  моќен  антиоксиданс и пронајден во кожата на горзјето и е особено значаен поради неговата моќ да го спречи  складирањето на мастите во телото. Доколку немате свежо грозје, пробајте и пијте по една чаша вино на ден пред јадење , поради тоа што таа може да ви помогне кон согорувањето на мастите за период од 90 минути откако ќе ја конзумирате.

 

 

 

52547bbf697ab04f94005711._w.540_h.540_s.fit_Леќа– Некои од вас можеби и не ја обожаваат доста меѓутоа леќата е многу здрав извор на протеини и влакна во исхраната. Таа се препорачува како Супер -Храна поради тоа што не само што е вкусна, туку помага и при забрзување на метаболизамот и горењето на мастите.

 

 

 

 

 

 

download

Авокадо– Авокадото содржи масти како олеична киселина, и мононезаситени масти (MUFA),кои го поттикнуваат телото да не реагира со брзо огладнување. Не само што содржи влакна и протеини, конзумирањето на половина авокадо на ден за период од еден месец реузлтира со топење на најтврдокорните масти- мастите околу стомакот.

 

 

 

 

images (1)Зелен чај- Моќен антиоксиданс кој ви помага кон горење на калориите, но и горење на мастите. Со соодветни мали промени во исхраната можете лесно да ги увидите бенефициите на зелениот чај, се разбира доколку не јадете млечно чоколадо како десерт.

 

 

 

 

 

getty-fd004686-black-beans-xЦрн грав– овој производ спаѓа во категоријата на Супер –Храна затоа што содржи 15 g. Протеини и  не содржи масти, што е еднакво на протеините кои ќе ги добиете со јадење на црвено месо, но со голема предност –не конзумирате масти.

 

 

 

 

 

download (1)

Следниот пат кога ќе купувате риба одлучете се за една од најздравите риби –Лососот. Таа содржи доста протеини и не содржи масти, а бројни испитувања направени од областа на нутриционизмот јадењето на лосос го асоцираат со губење на вишокот на килограми до 5 кг. за еден месец без драстично лишување од храната. Особено е ваѓно што содржи омега три масни киселини кои имаат значително влијание врз губењето на мастите во крвта.

 

 

 

Боровинки, брокула, круши и  јаткасти плодови претставуваат производи кои не само што имаат свои специфични и богати вкусови и не само што се здрави туку содржат и доволна количина на влакна и протеини кои помагаат при варењето на храната и ве одржуваат сити, добро нахранети но и витки.

За крај најбитно е да потенцираме дека за губењето на вишокот на килограмите најмногу е битна вашата воља и посветеност , па затоа ве советуваме да не тргнувате по хемии, пробајте да живеете здраво и да се храните здраво па ќе ги забележите промените на вашето тело.