Торта со вкус на кафе која вашите гости ќе ја обожаваат

од  |  0 коментари

Ништо не е подобро од мирисот на свежо мелено кафе наутро…
За денот да ви започне добро ви препорачуваме овој викенд да се засладите со лесен и вкусен десерт со кафе.

Уживајте во друштво на пријателите со оваа вкусна торта овој викенд!

Tiramisu
Состојки:
· 4 мали лажици кафеав шеќер
· 1/3 шоља слатка павлака
· Маскарпоне неутрално сирење и ванила
· плазма бисквити
· 1 шоља класично претходно подготвено Elitte кафе
· 2 лажици какао

· изрендано темно чоколадо

Подготовка:

– Изматете го маскарпоне сирењето со слатката павлака и кафеавиот шеќер со малку екстракт или свежа ванила
-На тава прекриена со најлонска фолија наредете цел ред плазма бисквити претходно прекриени со кафе.
– Премачкајте ги со дел од смесата со маскарпоне.
Прередете уште еден ред од бисквитите и повторно премачкајте ги со маскарпоне
Постапката повторивајте ја се додека не стигнете до третиот слој.
Тортата наросете ја со малку какао и нарендајте темно чоколадо врз горниот слој.
Тортата се остава да се излади околу 2 часа.
Се послужува со свежо подготвено топло Elitte кафеНа здравје!