Еве како се подготвува турско кафе по автентичен турски рецепт…

од  |  0 коментари

Во Турција кога посетувате нечиј дом, првото нешто што ќе ве запрашат вашите домаќини не е дали сакате да се напиете турско кафе, туку на кој начин сакате да ви биде подготвено.
Ова се однесува на тоа какво го пиете своето кафе, појако, поблаго или пак горко.
За да бидете културни кажете “sade” доколку не го пиете своето кафе со шежер, “az seker” за со малку шеќер, “orta” за 1 до 2 лажички шеќер или пак “sekerli” за со 3 -4 лажички шеќер.
Домаќинот притоа секоја шоља ја приготвува поединечно.

Во Турција кафето се служи со вода.Тоа е така затоа што водата помага вкусот да се подобри.
Во Турција кафето се служи со нешто благо, сите знаеме дека и кај нас постои оваа традиција на послужување на кафето со локум или пак нешто благо.
Во Турција кога се служи кафе добро е даму дадете предност да се напие прв најстариот во просторијата (посебно кога станува збор за маж) како знак за почит.
Како се подготвува фамозното турско кафе во Турција?
Пред се потребно ќе ви бидепосебно ѓезве како она на сликата,мали шољи, шеќер,лажичка и кафе.
Секогаш користете студена филтрирана вода.Измерете ја содржината на вода според големината на шољите.
За секоја шоља со кафе користете лажичка со врв кафе. Доколку подготвувате кафе со шеќер тој се додава на почетокот и се меша додека не се соедини комплетно со водата (се раствори).
Кафето се додава по шеќерот и се меша се додека не дојде до точка на вриење. Се вари на средна температура.Ова одзема 3-4 минути.Кога содржината е приближно до точка на вриење извадете ја пената и додадете по малку во секоја шоља со помош на лажичка.
Вратете го повторно ѓезвето на оган. Повторно пред точка на вриење се трга од оган и се додава до пола во секој филџан.  Повторно се враќа на оган ѓезвето и се остава дополнителни 10-15 секунди и секоја шоља повторно се дополнува до крај.


На овој начин се вари најубавото турско кафе- испробајте го!