Вапцување на Велигденски јајца на природен начин со лушпи од кромид

од  |  0 коментари

Најубавите органски бои за јајца ги имате во вашиот дом, потребно е само да бидете креативни да набавите неколку реквизити до вас и да уживате во целиот процес.
Вапцувањето на велигденските јајца е еден од најубавите ритуали во домот на кој секој му се радува – како малите така и постарите, а по вложениот труд во трпезата се гледа и вештината на домаќинката.

Кога обојувате јајца со лушпи од кромид многу е важно да ги потопите во истата вода во која ќе ги фарбате јајцата лушпите од кромид преку ноќ или барем неколку часа претходно со цел да пуштат боја.
За овој рецепт потребни ви се:

  • 10 домашни жолти јајца
  • лушпи од 6 кромиди (жолти и црвени измешани)
  • 1 исецкано цвекло
  • 2 лажица бела киселина
  • 5-6 dl вода
  • тревки за декорација
  • најлонски чорапи
Подготовка:
  1. Поставете ги убаво тревките за декорација на јајцата и секое јајце убаво завиткајте го во внатрешноста на еден најлонски чорап и врзете го прутоа чорапот цврсто.

  2. Додадете ги лушпите од кромидот, цвеклото и киселината во тенџере со вода и киселина и зовријте го и оставете да зоврие околу 10 години.

  3. Додадете ги јајцата во водата која врие едно по едно и оставете ги од 8-10 минути на оган.
  4. Дозволете им да се изладат.

    Може да ги остраните од топлата вода веднаш или да ги оставите во фридижер за одржување во самата теќност преку ноќ со цел да добијат полуксузна боја.

  5. Извадете ги од чорапот, ставете ги на крпа и доволете им да се оладат. За дополнителен сјај откако ќе бидат комплетно суви може да ги премачкате со маслиново масло или кокосово масло.