Вечно прашање… Зошто жените ја чуваат облеката што не ја носат?

од  |  0 коментари

Ако и вие спаѓате во оние со преполн ормар каде најголемиот број алишта се нови и неносени веќе подолго време, знаете за што ви зборуваме.

Имено, две третини од жените отворено кажуваат дека ја чуваат облеката надевајќи се дека еден ден ќе можат повторно да ја облечат, иако се свесни дека шансите за тоа се минимални.

Од друга страна, четвртина од жените имаат во ормарот облека во четири конфекциски броеви  заради честите осцилации со тежината, а четириесет посто од жените ја чуваат облеката надевајќи се дека ќе ја вратат тежината која ќе им овозможи повторно да ја носат.

Меѓутоа има и други причини, па така четвртина од жените не ја фрлаат вишокот облека зошто скапо ја платиле, додека секоја осма жена купила намерно помал број, со надеж дека ќе ослаби доволно за да го облече тоа парче облека.

Секоја десетта жена облеката ја чува од сентиментални причини, зошто погледот во неа и враќа среќни моменти од животот.

Но, психолозите тврдат дека чувањето на облека која повеќе не ја носите има лоши последици, зошто развивате чуство на носталгија и емоционална приврзаност што не е здраво.

Според тоа, прочистете го ормарот, донирајте облека и внесете нова енергија во вашиот ормар.