Време е да го смените стилот – трикови за младолик изглед

од  |  0 коментари

Стареењето е природен процес од кој не е можно да се избега, но може да се забави и намали. Постојат многу начини со помош на кои можеме да се бориме што подолго да останеме во светот на младите, а и тука се и неколку ефикасни трикови за младолик изглед.

Разновидната исхрана богата со антиоксиданси, многу овошје и зеленчук, што помалку благи работи и десерти, редовното вежбање, доволно внесување на течности и најмалку осум часови на сон, само се некои од основите на здравјето и добар изглед. Ефикасноста на ваквиот начин на живеење е далеку поголема и подолготрајна од сите брзи диети, апчиња или козметички или естетски третмани.

Витамините А, Д, Е, Ц и К, каротеноидите, потоа минералите, магнезиумот, селенот и цинкот се добри сојузници во борбата против слободните радикали кои се главни виновници за уништувањето на клетките во телото, кои го забрзуваат процесот на стареењето, но и подложноста кон болестите. За создавање на слободните радикали виновни се загадениот воздух, сончевото зрачење и пушењето. Активните пушачи стареат дури 20 пати побрзо во однос на оние луѓе кои не пушат. Доколку сакате по озбилно да му се посветите на Вашето здравје, би требало да се откажете од цигарите.

За да резултатите бидат повеќе забележителни и подолготрајни потребно е да се започне со нов животен стил, затоа што ниеден значаен резултат не може да се постигне преку ноќ, но сепак постојат неколку едноставни трикови кои брзо и делотворно можат да Ве подмладат.

Облечете се младалачки

Тоа не значи дека треба да се облекувате како тинејџерка, но на пример фустаните во пастелни бои ќе Ве направат да изгледате помладо. Затоа не бегајте од боите и дезените. Експериментирајте, играјте се и уживајте во пронаоѓањето на новиот имиџ

Променете ја фризурата 

Советувајте се со Вашиот фризер за тоа која фризура најдобро ќе му одговара на Вашето лице и боја на коса. Природната боја на косата, со праменови за нијанса посветли од Вашата коса, можат да бидат вистински погодок. Доколку имате брчки на челото, можеби кркмите ќе Ви бидат сојузници во тежнеењето да ги сокриете недостатоците или да изгледате помладо. Во секој случај, одлучете се за некоја од овие варијанти.

Користете по дискретни и по нежни парфеми

Обратете внимание на парфемите кои што ги користите. Тешките мириси ќе создадат впечаток дека сте постари и по озбилни, додека лесниот мирис без многу мака ќе ви ги избришат неколку години.

Не претерувајте со шминката

Премногу пудра, руменило или коректор ќе ги нагласат Вашите години и ќе Ве направат да изгледате постари. Обидете се да пронајдете совршен однос со количината и бојата на шминката која ќе Ви даде помлад изглед.

Смејте се

Можете да заборавите се, но насмевка никогаш. Насмевка на лицето и сјајот во очите најдобро од се ги бришат годините од Вашето лице.