Витамински коктел за убава и сјајна кожа
Витамините се добро познати за подобрувањето на генералното здравје, поттикнувајќи го имунолошкиот систем и растот на здрави нокти и коса. Не треба да ве изненадува тоа што со користење на вистинските витамини можете да добиете прекрасна кожа. Додека добрата нега на кожата е есенцијална за убава и прекрасна кожа. Додека добрата нега на кожа е есенцијална за убава, здрава кожа, вашата кожа го рефлектира тоа што го конзумирате.
Добивајќи ги вистинските витамини, било да ги добивате преку храната или преку конзумирање на витамиски суплементи може да ви го подобри квалитетот и убавината на вашата кожа.
Витаминот С е важен витамин за одржување на здрава и убава кожа. Овој антиоксиданс го помага заштитувањето на кожата од слободни радикали и токсини, редуцирајчи ги знаците на стареење, вкулучувајќи брчки и ситини линии на лицето.Овој витамин исто така има антиинфламаторна улога за телото вклучувајќи ја и вашата кожа. Каква форма на Витамин С е соодветна за да ја користите? Во кремови и серуми, но истот така и преку конзумација на јаготки, портокали, црвени пиперчиња и грејпфрут, но доколку не го внесувате доволно преку исхраната тогаш ве советуваме да го пиете како суплемент.
Витамин А е особено важен за отстранување на темни точки и шарање на лицето, но исто така помага и при креирањето на колаген во кожата кој има основна функција за продукцијата на колагенот. Дериватите на витамин А се познати како ретиониди и се достапни во многу производи за убавина како лосиони, ноќни креми. Како суплемент или козумиран преку исхраната преку сладок компир или зелен зеленчук вие ќе ги придобиете бенефициите од овој вид на витамин.
Биотин е познат за да ви даде здрава и убава коса, а е важна за здрава, сјајна и мазна кожа исто тка. Биотинот го регулира метаболизамот на масните киселини од телото, кој се аплицира при иритирана и сува кожа. Храната богата со биотин вклучува ореви, лешници, но исто така може да се земаат суплементи од биотин за сјајна кожа, нокти и коса
Витамин B3 ја зголемува хидратацијата , го редуцира црвенилото и го спречува трансферот на пигменти до клетките на кожата а ги минимизира и темните точки. Витаминот исто така помага за зголемување на продукцијата на масни киселини а ги редуцира и проблемите со акни и розацеа. За да имате внес од овој витамин почнете со конзумација на пилешко, печурки или туна, а може да се пронајде во лосиони, кремови и серуми.
Цинкот обезбедува бројни бенефиции за вашата кожа, ја редуцира инфламацијата и го намалува појавувањето на лузни и помага при зараснувањето на . Започнете со конзумација на спанаќ, морска храна, телешко и грашок.
Витамин Е е антиоксиданс кој помага за заштита и поправка на оштетени ќелии на кожата оштетени од сонцето. Најчесто се јавува во продукти за заштита од сонце , а и во авокадо, тофу, ореви и спанаќ кои содржат значајни количини на витамин Е.