8 Изненадувачки причини зошто немате доволно енергија

од  |  0 коментари

Дали се чувствувате како постојано да ви недостига енергија и често се чувствувате изморено, летаргично и немате моќ да ги правите секојдневните обврски тогаш прочитајте кои се причините кои ви го предизвикуваат уморот.

  1. Не спиете доволно

Да веќе знаевте дека доколку не спиете доволно, ќе се чувствувате уморно, но недоволниот сон не е причината која мислите дека е причина за хорничен умор. Спиењето не се однесува само на одмарањето, за телото да биде одморено потребно е да стапи во функција хормонот за раст кој е протеин кој се создава во хипофизата и игра голема улога во одржување на здрави мускули и силни коски. Овој хормон влијае врз начинот на кој нашите тела складираат масти (особено во делот на стомакот) и помага при одржувањето на балансот на лошиот холестерол. Есенцијално е за нормална функција на мозокот. Недоволно создадената количина на овој хормон предизвикува појава на намалена мозочна функција и будност и појава на депресивност. За таа цел препорачливо е спиење од 7.5- 8 часови во текот на ноќта со цел оптимално да се одморите а и овој хормон да се излачи доволно за да ви ја одржува тежината во нормала, а и сто така и да ви ја зголеми вашата енергија.

  1. Јадете премногу нездрава храна

Конзумирањето на шеќер е брз начин за да се зголеми вашата енергија, но на долг рок го прави сосема спротивното. Конзумирањето на производи кои содржат: глукоза, малтоза, сахароза, и декстроза само ќе направат да се чувствувате уморено, а ќе ги забават и вашите мозочни функции.

  1. Не пиете доволно вода

Треба да ви биде јасно дека и научно е докажано дека дехидратацијата и недостатокот од вода во организамот може да биде причина за да се чувствувате омалаксано и уморно. Пиете вода колку што можете повеќе и чистете ги токсините од организамот, и секогаш имајте го во предви правилот на палецот: вашата урина мора да биде светло жолта до прозирна, доколку потемно жолта тоа треба да ви биде знак дека треба да пиете повеќе вода.

  1. Имате недостиг од витамин Б

Потребен ви е витамин Б за вашите митохондрии да ја претворат глукозата во енергија. Доколку ви се јавуваат симптоми за намалување на енергија , прегледајте ги нивоата на витамин Б12 и Д или проверувајте ги барем еднаш годишно.

  1. Имате инфекција

Инфекцијата или воспаленијата можат да бидат причина за пад на енергијата. Редовното чистење на забите со конец предизвикува намалување на ризикот за воспаленија и инфекции затоа како што добро знаете болестите влегуваат низ устата. Па затоа грижете се за вашете здравје.

  1. Мора да се движите повеќе

За да ја поттикнете вашата енергија можете да започнете и веднаш, почнете да се движите па макар и само за 10 минути и веднаш ќе почувстувате промена на нивота на енергија во телото.

  1. Имате промени во хормоните

Постојат бројни хормони кои доста многу влијаат врз начинот на кој се чувствувате. Примарните извори на проблеми со летергичност и недостакот на енергија и појава на замор вообичаено со тиродината жлезда и адреналните жлезди. Еве и причина : Кога сте гладни дали често ви се случува да се чувствувате изиритирано и лошо , тоа е знак дека адреналните жлезди не ви функционираат соодветно.

  1. Отпорни сте на инсулин

Отпорноста на инсулин, кој е прекурсор за дијабетис прави да ви биде тешко да го примате шеќерот кој тогаш се претвора во масти наместо да се употреби во клетките за да продуцира енергија.

Доколку се пронаоѓате во некоја од групите  од горе наведените индикатори, пробајте и  променете ги вашите навики за да се чувствувате подобро уште денес.