Внесете детали во белото купатило

од  |  0 коментари

Еве неколку совети…

Туш завесата е едноставен начин да додадете малку боја и креативност во своето бело купатило. Најдобро од се е тоа што можете да ја промените кога и да посакате ако во случај се уморите од дизајнот и посакате нешто друго.

Употребата на свежи билки во вашето купатило е прекрасен начин да се поврзите со природата. Плус, растенија за во саксии изгледаат убаво на бела позадина, ствараат чуство за чиста, елегантна и топла просторија.

 

 

Ако сакате бело купатило, тогаш напред и направете се да биде бело! Меѓутоа, разбијте ја монотонијата, концентрирајќи се на други работи во просторијата. На пример, каде да ги ставите кадата и плакарите, затоа што тоа може да го промени игледот на купатилото. Како што се гледа горе на сликата, кога се во близина на прозорот се ствара шармантен и добро осветлен простор за капење.

Исто така, фокусирајте се на осветлувањето кое го сакате во купатилото. Висечките ламби во боја по ваш избор се прекрасен детал што го надополнува изгледот и се комбинира убаво со белите ѕидови.

Можеби не размислувате да поставите уметничко дело во купатилото, но тоа е одличен начин да се освежи просторот и да се направи визуелно интересен. Белиот ѕид е совршен акцентен ѕид. Изберете слика или фотографија која поттикнува емоции. Изразете се.

Белото купатило можеби изгледа неинтересно и личи на болница, но со помош на детали кои имаат текстура веднаш ќе се претвори во убаво место за уживање. Ѕид од тули е добра идеја, затоа што се користи бела боја со текстура за да се створи повеќе карактер и длабочина. Друга опција се елементи од дрво, како што се гледа на сликата. Дрвените полици и плакар добро се сложуваат со бело и дефинираат еден модерен и топол иглед.

Купатилото е совршено место за луксузно огледало, па слободно изберете некое екстравагантно. Големото огледало ствара илузија за поголем простор. Изберете огледало чија рамка содржи боја и шара. Можете да се одлучите за златни украси или старинска рамка, во зависност од тоа каков декоративен стил сакате да постигнете. На овој начин, огледалото изгледа спектакуларно во контраст со белиот намештај.