10 основни принципи за зајакнување на вашата самодоверба

од  |  0 коментари

Во овој текст ќе наведеме 10 принципи кои треба да ги разберете и применете во пракса со цел постигнување и одржување на вашата самодоверба онаа вистинската а не онаа која се обидуваме сами на себе да ја наметнеме со цел да изгледаме помоќни во очите на нашите соговорници и околината.
Самодовербата е последица на тоа како се однесувате спрема себе, независно од другите, независно од вашето минато, вашата личност, вашите недостатоци и доблести.

Основи принципи на вистинската самодоверба :
1. Не споредувајте се со другите – наместо да се споредувате со другите, споредете го своето однесување со претходните свои постапки и погледнете што можете да нучите од сето тоа.
2. Не барајте одобрување од другите – потпрете се на себе и на своите ресурси, прво пробајте да направите се што можете сами, бидете спремни за учење, бидете активни и пробајте да ги решавате своите проблеми сами.

3.Не се откажувајте од своите желби и цели доколку не морате да го направите тоа- направете го, изразете го и бранете го она што го сакате.

4.Откажете се од желбите кои се реално неостварливи – доколку нешто не ви оди запрашајте се себе си: Дали е ова нешто што го сакам реалистично и дали може да се оствари? Дали ми е ова неопходно и дали би бил среќен/среќна доколку се оствари? ‘’

5.Не поистоветувајте се со своите мисли, емоции, желби, сеќавања и животно искуство (вашата животна приказна)– секогаш бидете свесни зза своето постоење сега и овде во овој момент од сегашноста независно од тоа какви се вашите емоционални одговори во дадениот момент.
6.Никогаш не вреднувајте се себе си на основа на ниеден нечиј критериум– вреднувајте ги и оценувајте ги само своето однесување и постапки без споредби
7.Не бидете ригидни – бидете флексибилни и спремни да го менувате своето однесување, своите навики и сфаќања во зависност од барањата на околината паралелно со целите кои сте си ги поставиле.

8. Не давајте им отпор на негативните чувства– прифатете ги негативните чувства како научени, детинести и адаптивни ментални навики кои сте ги створиле сами кога сте биле деца или кога не сте размислувале како возрасни личности. Сите ваши его стравови се илузии затоа не треба да ги прифаќате сериозно, ослободете се од нив, пуштете ги слободно да дојдат и да си заминат, не давајте им отпор, не анализирајте ги премногу и не се поистоветувајте со нив.

9.Не форсирајте се ниту себе ниту другите околу себе премногу во никој поглед-  безусловно прифатете го фактот дека секој е творец на сопствената среќа и дека секој има свој пат. Не е ваша задача да влијаете врз секој процес и врз тој пат комплетно. Не форсирајте се себе си околу нештата кои вистински и не ги сакате.

10.Преземете одговорност за се што правите – но не обвинувајте се себе си за грешките кои сте ги направиле во минатото.

Како ќе се чувствувате кога ќе постигнете вистинска самодоверба?

Дали ќе бидете еуфорични, полни со себе, подобри од останатите?
Не, затоа што тоа не е самодоверба, тоа е илузија која ве враќа во состојба на депресија и разочарување. Кога ќе постигнете вистинска самодоверба ќе почувствувате внатрешен мир и вистинско чувство на слобода.
Вашиот живот ќе тече со леснотија иако во животот се случуваат и убави но и негативни случувања.

Извор: д-р Владмир Мишиќ, психолог,