Симбиотски односи во семејството

од  |  0 коментари

Симбиотски однос во психолошка смисла претставува дисфункционален однос на две личности во кој двете лица се една личност, тие се емотивно и ментално зависни (имаат исти вредности, исти ставови и уверувања). Практично тоа се два идентитети кои функционираат како еден, индивидуалните потреби се занемаруваат и секоја индивидуална желба на партнерите е остро осудувана, можеби и пропратена со агресија или пак емоционална манипулација на другиот член на симбиозата. Ваквите односи може да ги градат и пријатели, емотивни партнери но дисфункционалноста на симбиотските односи кои се изградени во примарното семејство, помеѓу родителите и децата оставаат најголема негативна последица врз личноста.

Симбиотските односи во семејството ја пригушуваат индивидуалноста на личноста

Кога е детето мало и не може самостојно да функционира, тоа е зависно од родителите кои го штитат и му обезбедуваат животен опстанок.
Меѓутоа, оваа врска обично постепено се раскинува во подоцнежните фази на развојот, особено во периодот на адолесценција кога младата личност изразува своевиден бунт спрема околината но и спрема своите родители, борејќи се за сопствената слобода на мислење, одлучување и слично.
Во симбиотскиот однос, родителот се обидува да сруши било какво самостојно преземање на иницијативи кај детето, не му дава да изгради свој идентитет и индивидуалност, да донесува самостојни одлуки и тоа го прави со помош на различни техники на застрашување, користење на закани или пак казни.
Како резултат на ова се формира личност која не е во состојба самостојно да мисли, чувствува или пак делува. Ваквата личност станува зависна од еден или двата родитела и со текот на времето се потешко и е било што да направи самостојно и така како што вистински посакува, кај ваквата личност е формирано уверување дека таа не треба да има свои желби, свое сопствено мислење, интереси, цели…
Некои лица потполно го прифаќаат ваквиот образец на однесување како нормален и така се однесуваат во текот на целиот свој живот, тие се условени да се однесуваат така како што нивните родители посакуваат, посакуваат најразлични видови на емоционална манипулација, пред се нафрлање на кривица врз другите, ускратување на вниманието или пак изразување на бес и агресија. Од друга страна пак, кај нив постои голем страв од напуштање на родителите во психолошка смисла, затоа што за нив светот е непознато и опасно место во кое како што се уверувале во текот на годините, нема да умеат сами да се снајдат. Некои лица сфаќаат дека со текот на времето овие обрасци на однесување не се функционални и се ‘’извлекуваат’’ од оваа симбиоза. Обично тоа се случува кога родителите биле рестриктивни или пак насилни а лицето по својата структура на личноста е емоционално стабилно.

Зошто се формираат симбиотски односи во семејството?

Симбиотските односи може да се пренесуваат генерациски, на пример доколку мајката живеела во семејсто кое било симбиотско, а таа веројатно и на таков начин ги воспитувала своите деца. Симбиотски однос на еден родител и дете може да се креира доколку односите помеѓу родителите не се добри или пак едниот од родителите е агресивен. НБа пример: мајката може да има симбиотски однос со синот во семејство каде таткото е агресивен или пак едноставно емоционално ја запоставува својата сопруга. Мајката од односот со синот ја добива целата емоционална заштита која и е потребна. Обично детето застанува во одбрана на родителот – жртва и така влегува во улога на возрасен која не му припаѓа. Ваквото дете подоцна во животот може да биде условено да живее во рамките на примарното семејство со цел да не ја наруши симбиозата. Така низ симбиотските односи со детето се случува еден или двата родитела ”да живеат”  некои свои неостварени желби   на пр. детeто мора се запише на одреден факултет, да тренира некој спорт и сл, затоа што неговите родители не успеале да се остварат себе си во тие сфери. Најмалку е битно што детето сака, кои се неговите таленти, неговите можности, интереси, емоции, практично тоа дете нема да води сопствен живот, затоа што неговите родители го водат преку своите желби.

Извор: Mojpsiholog