Страв од ‘’лудило’’ како симптом за анксиозност

од  |  0 коментари

Лицата кои повеќе пати се соочиле со зголемен степен на анксиозност често знаат да се пожалат дека имаат чувство дека ‘’ќе полудат’’ или пак дека ќе ја изгубат контролата над себе. Ваква интерпретација на сопствената психичка состојба доведува до засилување на емоциите на страв и го отежнува подобрувањето и функционирањето на тие лица. Обично стравот од ’’ лудило’’ е зголемен кај лицата кои се соочуваат со панично или опсесивно – компулсивно пореметување. И едниот и другиот вид на пореметување припаѓаат на групата на анксиозни пореметувања и немаат никаква врска со шизофренија  (на која обично се реферира кога народски се споменува ‘’лудило’’).

Стравот од ‘’лудило’’ е само симптом кој се појавува во форма на анксиозно пореметување и овој текст има за цел да ве ослободи од сите сомнежи околу симптомите на тој страв. Стравот од ‘’лудило’’ е само уште еден ирационален страв Паничниот напад се карактеризира со интензивно чувство на анксиозност и низа на изразени физиолошки реакции. Првиот паничен напад се појавува спонтано па личноста не може да го поврзи со било кој друг надворешен причинител. Засилените физиолошки реaкции кои се активираат во организмот предизвикуваат промена во волјата на личноста и појава на чувство дека лицето губи контрола над самото себе и дека започнува да ‘’полудува’’.

Губењето на свесната контрола над реакциите на сопствениот организам кој започнал да се однесува одеднаш невообичаено, лицето може да го изедначи со губењето на сопствениот разум. Паничниот напад не е ништо повеќе од природна рекација ‘’бори се или бегај’’ на организмот – една од разликите е во тоа што причинителот на стресот не е очигледен па личноста не може да сфати што всушност и се случува. Паничното пореметување во основа е природна реакција која се карактеризира појава на анксиозност која секој човек природно ја доживува  во текот на својот живот во некоја мера. Од друга страна пак шизофренијата ја карактеризираат симптоми кои нема да се сретнат кај психолошки функционалниот дел од популацијата. Стравот од лудило може да се развие и кај опсесивно–компулсивното пореметување кое исто така спаѓа во анксиозни пореметувања.

Специфично за ова пореметување е постоењето на т.н ‘’опсесивни мисли’’ чија содржина е со интрузивен карактер и е во потполна спротвност со вредностите, уверувањата и личноста. Лицето станува анксиозно кога се соочува со овие мисли и помислата дека со него нешто не е во ред. На пример често се појавуваат опсесивни мисли кои се поврзани со повредување на блиските и саканите личности. Меѓутоа лицето е свесно дека овие мисли не се рационални и може критички да се однесува спрема нив. Исто така преиспитувањето за постоење на ‘’лудило’’ може да биде главната содржина на опсесивните мисли кај лицето кое се соочува со опсесивно-компулсивно пореметување. Ова лице се плаши дека ќе се разболи од шизофренија, тоа е опседнато со таа идеа, се информира кои се симптомите на таа болест, се наоѓа во постојан страв, се соочува со апстрактни или ‘’бизарни’’ мисли, несвојствени за него и ги идентификува како шизофрени мисли.  Ваквите лица посетуваат стручњаци за да ги убедат во спротивното односно да ги уверат дека немаат никаква болест или лудило.

Дали е можно анксиозното пореметување да прерасне во шизофренија? – Апсолутно не! Анксиозното пореметување и шизофренијата треба да се набљудуваат како два исклучиви ентитети кои по својата природа и тек се потполно различни.