10 совети вашето дете да го засака спортот

од  |  0 коментари

Повеќето родители знаат дека спортот е корисен за малите деца и дека со спортски активности и други навики во детството, тоа ќе има корист во разни аспекти од животот.
Првиот контакт со спортот е важен за детето и ќе го дефинира неговиот иден однос спрема физичките активности, меѓутоа покрај најдобриот тренер и најдобрите услови за вежбање, најголемо влијание врз детето во оваа возраст имаат родителите.
Еве неколку совети да го мотивирате своето дете да го засака спортот и да ужива во физичките активности:

1. Уважување за способност и покажување интерес кон детето.

2. Користете поддршка, бодрење и пофалби, затоа што само на таков начин кај детето се развива чуство за сигурност и самодоверба.

3. Немојте од детето да очекувате премногу и да поставувате големи барања. Ако на самиот почеток очекувате од него да биде најдобро, тоа може да ја намали самодовербата и да го доведи до повлекување и тешко вклопување во она што го прави.

4. Избегнувајте критики и казни, зошто тие поттикнуваат чуство за несигурност и неуспех.

5. Бидете личност од доверба за своето дете, дајте му поддршка и сигурност.

6. Покажете сочуство за детската несигурност и уплашеност. Не го критикувајте, на тој начин стравот само ќе се зголеми, а детето ќе се затвори и ќе изгуби доверба во вас.

7.Распрашајте се за програмата во школото и објаснете му на детето каде ќе биде и што ќе прави додека е на тренинг. Запознајте го со просторот во кој ќе вежба со тренерите.

8. Дозволете детето со своето искуство да се припреми за првиот час, да го засака спортот и одвојувањето од мајката за еден час го свати позитивно. Генерално да има една позитивна слика за тоа што го прави.

9. Допуштете му прво да го гледа тренингот на другите деца, па кога ќе биде спремно предложете му и тоа да се приклучи.

10. Не покажувајте страв и вознемиреност, бидејќи детето ќе биде вознемирено. Трудете се на детето да не му сметате во тренинзите. Најдобро е да не сте присутни зашто ако тоа ги гледа вашите реакции, наместо да се опушти и ужива во вежбањето.