Што никогаш нема да излезе од мода?

од  |  0 коментари

Постојат неколку трендови кои секогаш се во мода. Единствена разлика е тоа што со секоја деценија, нивниот изглед станува современ и се прилагодува според вкусот на луѓето. Меѓутоа, основниот стил и суштината се секогаш исти. Еве неколку парчиња облека кои се модерни секогаш без разлика на времето.

1. Црн фустан

Ова е парче облека што секоја жена го има во својот гардероб. Најдобрата работа кај него е што добро се комбинира и убаво изгледа скоро на секого.

2. Фармерки и бела маичка

Годините, величината или висината не значат ништо. Комбинирајте ја белата блузичка со црна кошула или плави фармерки доколку сакате да изгледате опуштено, а во исто време убаво. Ваквата облека ви пружа флексибилност. Доколку носите бела кошула и фармерки со балетанки, ќе изгледате опуштено, а ако додадете марама и високи потпетици ќе бидете спремни за вечерно излегување.

3. Бајкерски изглед

Ова е бесмртен изглед со кој внимателно треба да се раководи. Не е секој способен да носи ваков стил. Тој вклучува кожни јакни, тесни црни панталони и црвен кармин.

4. Хипи изглед

Изглед како да сте излегле од кревет. Иако социјалниот контекст на овој тренд исчезна, стилот остана. Јоко Оно и Шер се познати личности кои го задржаа овој стил. Цвет во коса, туника и црн ајлајнер се одлика на познатиот изглед.

5. Чизми до глуждот

Најадекватни за зима, кожни чизми до глуждот. Можат да се носат со доколенки, хеланки или фармерки. Чизмите до колена се исто така популарни, но повеќе одговараат на високите жени.

6. Тренерки

Најдобрата работа кај нив е тоа што може да се сокријат сите неправилности на телото, а освен тоа се многу удобни.

7. Авијатичарски наочари

Ваквите наочари се секогаш во мода. Уникатни се, погодни за тенко лице и може да се најдат во нијанси на црно, кафеаво и светло портокалова боја.