100 VIP гости со специјалниот гостин Масимо Савиќ го дочекаа новиот Mercedes S-Class во Македонија

од  |  0 коментари

Најсовршениот автомобил како што уште го нарекуваат во светските медиуми, новата Mercedes S-Class, по прикажувањето на саемот во Франкфурт пред 10-тина дена, пристигна и во Македонија.

Новата Mercedes-Benz S-Class беше главната ѕвезда на вечерта и повод синоќа да собере точно 100 VIP гости од цела Македонија во просториите на Мак Аутостар. За оваа прилика, салонот на Mercedes-Benz Мак Аутостар беше целосно изменет, со цел да добие лик на луксузен клуб.

Специјален гостин на вечерта кој воедно и ги забавуваше гостите беше Масимо Савиќ. Гостите уживаа во познатите хитови на хрватската ѕвезда, како дел од целовечерната програма, која инаку беше водена од страна на познатиот актер Висар Вишка, а сето тоа беше дополнето со специјално Mercedes дизајнираната храна.

„Остварена визија, тоа е главниот слоган за новата S-Class, кој самиот за себе зборува многу. Пред точно 110 години, почнувајќи од 1903 година, Mercedes создава најлуксузни автомобили во светот. Тоа е модел кој означува супер луксуз и досега бил дел од животот на многумина претседатели, кралеви, шеици, славни личности и успешни бизнисмени. Сега го имаме најновиот модел во Македонија.“, изјави директорот на продажба на Mercedes-Benz патнички возила, Марко Јовановски.

Зошто овој автомобил го прави да биде посебен. Во досегашната историја на S-Class, бил носител на најновите иновации во светот на автомобилите.

Новата S-Class e вистински урнек за модерно луксузно возило. Тоа претставува ексклузивна прва класа на мобилна канцеларија, но и место за уживање. Седиштата поседуваат посебна функција на масажа, заснована на принципот како со вжештени камења, персонализирано осветлување и ароматизирана кабина, потоа активна вентилација на седиштата, индивидуално прилагодување на музичкиот систем во возилото, прво возило во светот кое користи целосно LED технологија, како надвор, така и внатре во возилото.

На иновациите во ова возило им нема крај, но особено е важно да се напомене и дека ова е прво возило кое може да ги скенира сите нерамнини на патот со помош на стерео камера и според тоа да се прилагоди амортизација на возилото за да се мине патот со исклучителна удобност, опција која се нарекува Magic body control.

Исто така, новата S-Class e најаеродинамично возило во својата класа, но и меѓу сите останати автомобили воопшто со неверојатно низок коефициент на отпор на воздух, кој изнесува само Cd=0,23, што значи ниска потрошувачка на гориво и емисија на штетни материи, но и ниска бучава од струењето на воздухот.

Моделот ќе се произведува во 4 различни типови: како седанска долга и скратена верзија, потоа како купе, но и како кабрио.