Штиклите ги уништуваат мускулите на нозете!

од  |  0 коментари

Постојат многу причини поради кои дамите не можат да живеат без штиклите. Меѓутоа, со купувањето и носењето на штикли жените треба да биат внимателни, затоа што тие може да има предизвикаат одредени проблеми.

Штиклите можат лошо да влијаат на мускулите на нозете, тоа го покажаа неодамнешните истражувања. Секојдневното носење на високи потпетици ги скратува мускулите на листовите, иако многу жени не можат да замислат ниту еден ден без нив.

Повеќето жени додуша се одлучуваат за носење на ниски или средни потпетици на работното место, но има и припаднички на понежниот пол кои се зависни од купување на вртоглаво високи потпетици.

Баш тие жени се најчесто погодени жртви кои имаат проблеми предизвикани од носење на омилениот моден детаљ, со оглед на тоа што високите штикли предизвикуваат болки во нозете, појава на жуљеви, грчеви во мускулите  и лоша циркулација.

Па доколку сте љубител на високи потпетици, секојдневно правете вежби за растегнување, со цел да ги намалите болките и останатите негативни симптоми, а со тоа ќе ги продолжите и мускулите на листовите. Со редовни вежби, нема да морате да се грижите за последиците.
И секако, водете сметка за тоа какви обувки купувате бидејќи квалитетот и удобноста се на прво место.