Како да ја сочувате бижутеријата?

од  |  0 коментари

За вашиот накит од бижутерија да не позелени пред време, прочитајте ги овие наши мали совети и направете тој да блеска во полн сјај…

Немојте да го водените… Бижутеријата никако немојте да ја водените. Секој пат кога се туширате, одите на базен или слично извадете го накитот од рацете.

Последно ставајте го накитот… Почекајте додека се спремите целосно, па тогаш ставете го накитот. Парфеми и лосиони за тело можат да го оштетат накитот од бижутерија, па немојте да ставате ништо на себе додека го имате накитот на вас.

Не ставајте лосион за тело– Ако планирате да носите бижутерија тогаш избегнувајте го тој дел на кожата што сте го намачкале со млеко за тело. Тоа ќе остави флеки на накитот и ќе ја оштети сјајната површина.

Чувајте го на вистинско место – дали сте знаеле дека воздухот штети на бижутеријата? За да го задржи вашиот накит сјајот немојте да го чувате на отворено. Исто така, не мешајте го со други метали.

Исчистете го понекогаш – Сосема е во ред понекогаш да го исчистите накитот. Може да користите беби шампон или топла вода, со нежно триење и четкање со четка за заби.

Немојте да вежбате со накит – пред да се упатите во теретана, извадете го од себе накитот. Како прво полесно ќе ви биде за вежбање и потта нема да влијае врз бижутеријата, а освен тоа може да ви испадне од рака а воопшто да не осетите.