Како да ги поставите границите ?

од  |  0 коментари

Како да ме послуша? Како да креирам добри навики на однесување кај моето дете? Како да разбере дека не смее да прави одредени работи? Како моето НЕ да значи НЕ?

Сите родители сакаат да имаат послушно дете, дете кое ќе ги направи задачите во моментот кога тие се побарани од негова страна. Доколку посакувате вашите деца да соработуваат со вас без употреба на повисок тон, викање, закани па дури и груби зборови,  постојат неколку важни информации кои потребно е да ги знаете за да успеете да соработувате со вашите деца.

Децата ги слушаат своите родители поради влијанието кое тие го имаат врз нив. Влијанието кое родителите го имаат врз своите деца зависи од нивната поврзаност.  Доколку детето не сака да ги слуша своите родители, добро би било родителите да започнат да се трудат да научат како повеќе и како свесно да се поврзат со своите деца.

Набљудувајте ги, во моментите во кои можете да им пружите емпатија поместете ги границите и редиректирајте го нивното однесување.
Да земеме пример: вашето дете не сака да ве слуша и упорно својата играчка ја удира во ѕид. Наместо да му поставувате услови, променете го својот став и пристапете му од една нова перспектива: ’’Ова изгледа многу забавно…Обожаваш да си ја возиш својата нова играчка во куќата…Јас сум загрижен/а дека со удирањето ќе го излупиме ѕидот, затоа ајде заедно да пронајдеме подобро место за да ја возиме играчката’’.

На децата потребно им е вашето внимание и квалитетен дел од вашето време.
На секое дете потребно му е индивидуално поминато време со своите родители.
Децата ја прифаќаат насоката на родителите кога таа е дел од рутина.  Собирањето на играчките пред вечера, редењето на книгите во чантата или пак чистењето на собата во недела се само  дел од рутините кои родителите е добро да ги поставуваат како правила на однесување во домот- децата ги прифаќаат границите кои им ги поставуваат родителите преку одредено искуство. ​

Доколку децата секогаш успеваат да ги поместат границите на дозволеното однесување, сосема природно ќе сакаат да ги поместат границите  и следниот пат.

Децата ги прифаќаат границите на родителите кога тие ги прифаќаат нивните желби, гнев, тага или разаочарувања околу границите на однесување.

Децата не мора да ги сакаат границите, потребно е само да ги следат.
Децата ги следат барањата кога не се чувствуваат поттурнати за да направат одредена активност. Родителите добро е да им дадат право на избор и автономија.
Пр: ‘’Време е да ја исчистиш својата соба, дали ќе ги извозиш камиончињата до кутијата за играчки или пак ќе ги пренесеш со својот кран?’’.

Децата се послушни кога барањата се трансформираат во забава.
Родителите добро е да умеат активностите и учењето за границите и однесувањето , заедно со своите деца да ги претворат во забава и игра.
Ваквиот начин, на децата им е забавен и поканувачки. Не секој пат родителите имаат доволно енергија секоја активност да ја направат забавна и да ја претворат во игра,  меѓутоа секој момент кој може да се искористи за претворање во игра е одлична алатка која ќе им помогне на родителите да имаат подобра поврзаност со децата.

 Децата ги следат барањата на родителите кога тие се соодветни  за нивната возраст. Повеќето деца на шест годишна возраст на пример не можат да чистат самите по себе. Нив потребна им е вашата поддршка и помош. Инспирирајте ги и поминете го времето забавувајќи се. Со ваквиот пристап можете да постигнете отворен пат кон креирање на добри навики.
Децата ги прифаќаат барањата на родителите кога јасно согледуваат дека тие се грижат за нивната среќа.
Пр: ‘’ Знам дека не сакаш да ја уништиме кулата од лего, која долго си ја градеше денес, затоа ајде да ги исчистеме сите останати играчки, а кулата да ја оставиме за утре, па кога ќе се разбудиш да можеш да изградиш и цел град околу неа’’…

Кога децата имаат доверба во своите родители тие веруваат во нивната улога за поставување на правилата на однесување.
Пр.: ‘’Јас и мојата мајка ја чистиме мојата соба за да не се сопнеме на играчките или пак да не ги скршеме, затоа утре собата ќе ни биде чиста и уредна и повторно ќе си играме .
Д
ецата го прифаќаат нашето Не затоа што го чувствуваат нашето најдлабоко Да.

Децата ќе го прифатат секое барање на родителите кога тоа од нив е побарано на добар начин.

Најдете начин како да кажат ДА наместо НЕ,  иако вие веќе сте ги поставиле границите.

Пр.: “Да, време е за чистење, а за тоа и јас ќе ви помогнам. Да, кулата ќе ја оставиме да ни стои и утре, а доколку побрзаме со чистењето ќе стигнеме да прочитаме и приказна пред спиење.
Да ова ќе биде забавно.
Да јас те обожавам…
Да јас те сакам мамичке…

 

 

Извори:
– How to set healthy boundaries with your children: Debbie Pincus, www.empoweringparents.com
– James Lehman: No means No, www.empoweringparents.com