Мали трикови за убавина

од  |  0 коментари

Дали знаевте дека со чај од камилица можете да ја осветлите вашата коса или пак дека за да ги отстраните круговите под очите потребно е да ставите кришки компир? Што се не правиме за убавина? Еве ви неколку практични совети со кои ќе си ги олесните вашите рутини.

  1. Користете коцки мраз за масажа на лицето секоја ноќ пред да легнувате да спиете и направете му инстант третман против брчки, масни клетки а воедно ќе ги чувате брчките под контрола.
  2. Направете маникирот да ви трае долго. Доколку често ги лакирате вашите нокти и брзо ви се лупи лакот, постои решение за вашиот проблем. Пред да го нанесете лакот за нокти исчистете ги детално ноктите, истурпирајте ги и отстранете го вишокот на нечистотија со чистач за нокти врз база на ацетон. Со примената на ваквиот метод вашиот лак за нокти потешко ќе се лупи и подолго ке трае.
  3. Доколку тушот за очи често ви се растекува по капаците на очите направете го да трае. За прецизно нанесување нанесете туш за очи претходно ставен во фридижер за време од 15 минути и олеснете си го процесот на цртање на “фамозните мачкини очи”.
  4. Доколку сакате подолги трепки, експертите за убавина ве советуваат да користите виткач за трепки. Но за уште поефективно виткање пред употребата загрејте го малку виткачот со топол воздух од фенот за коса.
  5. Сакате коса која има живост и волумен? Миењето на косата со пиво или јаболкова киселина пред шампонирање ќе и даде живот на косата и ќе ја хидратира.
  6. Советот кој морате да го земете во предвид секогаш – Нанесувајте крем за сончање на дневна основа во текот на целата година, па дури и да врне дожд, и да е облачно затоа што 80% од сончевите ултравиолетови зраци поминиваат преку облаците и малку по малку можат да ви предизвикаат оштетување на кожата.
  7. Јогуртот во комбинација со овесна каша не служи само за подобрување на дигестијата и не служи само како храна, тој можете да го користите за нега на вашата кожа и лице. Доколку имате сува кожа на лицето најдобриот начин за да ја хидратирате е да направите маска од јогурт и овесна каша. Маската оставете ја на лицето околу 30 минути и подоцна измијте со млака вода. Лицето е толку мазно и свежо по овој третман што ќе го правите постојано.
  8. Мислите дека грешите со изборот на бричот за нозе? Тврдите влакна понекогаш е потешко да се отстранат па за таа цел намачкајте маска или кондиционер за коса на вашите нозе пред бричење за да добиете свиленкасто мазни нозе по третманот.
  9. Осветлете ја вашата коса со чај од камилица и сок од лимон преку нанесување на оваа воедно хранлива мешавина на косата  и во овој период од годината исушете ја со фен со што можете да ја осветлите вашата коса за 1 нијанса.
  10. Доколку копнеете по истакнати јаболчиња и карактеристични црти на лицето, не морате да не уживате во помислата- контурирајте го лицето со бронзер и истакнете ги цртитена вашето лице кои ќе ја изразат повеќе вашата убавина. Со оглед дека контурирањето не дава некој сосема природен изглед на вашето лице, пробајте користете го како метод за разубавување за вечер во град или излегување со другарките и пријателите.