Подобрете го вашиот изглед за на работа

од  |  0 коментари

Немате премногу време да се средувате наутро а би сакале да изгледате средено, убаво и модерно за на работа во секој случај? Затоа што сите сме зависници од совети за убавина, како и поголемиот дел од вас, наидов на неколку интересни совети од Glamour списанието кои се надеваме ќе ви се допаднат:

4-MNYPR-FWSep14-h724

1. Ненашминкан и непаден изглед

Сакате да изгледате ненашминкано но средено ?

Потребно е да ги средите вашите веѓи со малку моливче за да им дадете дефиниција (но немојте никогаш да ги правите темни, запаметете веѓите се секогаш во нијанса посветли од вашата природна  боја на коса па затоа не правете ги црни, секогаш целете кон кафеави нијанси). Покрај веѓите можете да ставите два слоја на маскара и малку bb крема на вашето лице колку за да ги корегирате неправилностите кои се јавуваат на него, и тоа е тоа , ќе изгледате средено но природно.

 

1-BbSS15-WesGordon-02-h724

2. Софистицирана дама

Мазното опавче секогаш изгледа модерно и шик. Пробајте и искомбинирајте го со метален детал и бидете модерни но и софистицирани на работно место.

 

 

 

 

 

red-lipstick 3. Дама со свој сопствен печат

Модата и стилот секогаш се однесуваат на она што во основа лежи во нас, а тоа е индивидуалноста. Црешово-црвени усни иако изгледаат така се сосема ненападен начин за да ја покажете вашата индивидуалност и на работното место, доколку се комбинирани со чисто лице без други нагласени акценти на шминката на лицето.

 

 

 

 

 

 

Elegant-French-Manicure 4.Средени нокти

Ноктите се детал на кој е потребно да обрнете посебно внимание за да оддадете впечаток на средена и организирана личност.  Најпрофесионално но и чисто секогаш на раката делува францускиот маникир, меѓутоа не е грешка доколку експериментирате и со различни дизајни се додека се вклопуваат со вашите обврски но воедно и карактер.