Сон на секоја жена- огромен плакар
Посакувате да имате огромен плакар како оној на Кери Бредшо? Најголемиот светски тренд кај славните личности е бутик во сопствениот плакар, и притоа сите постојано се натпреваруваат во луксузноста на парчињата достапни во него . Меѓутоа за жал славните актерки веќе имаат голема конкуренција во поседувањето на најубавиот и најголемиот плакар поради тоа што тој примат веќе е завземен од оваа година.
Theresa Roemer позната мултимилионерка и претприемач која со своите сопствени успеси успеала да стигне до сите тие пари и успех, го поседува можеби и најголемиот плакар во светот кој не е само бутик туку и е повеќе од трговски центар за екстравагантна облека и аксесоари. Тој се простира на повеќе од 3000 м2, и само изградбата на плакарот чинела повеќе од 500.000 us. долари. Покажувањето на моќта, богатсвото, славата, расфрлањето со пари на скапи брендови, и екстравагантноста и вкусот најчесто кај богатите реузлтира со креирање на огромни приспособени плакари во кои подредено се прикажуваат сите луксузи кои им се достапни. Зошто на некој би му бил потребен толкав простор само за плакар, звучи премногу екстравагантно нели? Оваа милионерка во својот плакар организира добротворни забави со кои преку лицитација на брендираните парчиња таа собира средства кои ги донира за хуманитарна помош што со оглед на големината и средствата потрошени на плакарот престанува да звучи толку лудо.
Погледнете како изгледа еден таков плакар: