Корисни совети за уредување на вашата спална соба.

од  |  0 коментари

Како до функционална,удобна мирна и интимна зона.

Вашата спална е првото и последното нешто кое го гледате секој ден. Таа е вашето интимно царство, приватно светилиште во кое поминувате третина од вашиот живот и само ваше прибежиште во кое во секој момент може да избегате од светот.Денес во прилог ви доставуваме неколку корисни и битни совети во поглед на уредувањето на вашата спална соба:

Положба на креветот.

Направените истражувања покажале дека најудобна положба за  гарантирано добар сон е кога главата ќе ви биде во кон север. Причината за тоа се електромагнетските бранови и нивното влијание на спиењето.Никако не е препорачливо, главата да ви се наоѓа веднаш под прозорот, или пак главата да ви се наоѓа веднаш до радијаторот.

3-feng-shui-soveti-za-pogolema-strast-vo-spalnata-soba-www.kafepauza.mk_

Телевизор

Во поглед на ова прашање не постои некое унифицирано правило.Иако е препорачливо да не се наоѓа во вашата спaлна соба бидејки сепак спалната соба  би требало да служи само за одмор. Од друга страна пак, некои луѓе едноставно не можат да заспијат без него. Препорачлииво е особено доколку сте болни или едноставно сте се решиле цел ден да одмарате,па каде на друго место  најдобро би го правеле тоа ако не во вашата спална соба.

Заштите се од светлоста.

При уредувањето на вашата спална соба обрнете посебно внимание на фактот светлина (без разлика за тоа дали е вештачка или природна),и како да се заштитите од неа. Заштитата од природната светлина лесно се обезбедува со помош на ролетна,венецијанки, завеса. Додека пак заштита од вештачката светлина ќе ја обезбедите на лесен и едноставен начин доколку обрнете внимание на фактот дека во ходникот нема потреба од силна светлина,не е препорачливо доколку смета на вашата спална соба.

 

2-Vistinskata-boja-za-vashata-spalna-soba-www.kafepauza.mk_

Мала спалана соба, недоволно простор.

Еве што треба да направите доколку имате ограничен простор во ваша спална соба.Битно е да го искористите секој расположлив сантиметар на правилен начин,но исто така она што никако не смеете да го направите е да ја пренатрупате вашата спална соба,бидејќи тогаш би го нарушиле мирот, и би се чувствувале буквално како да спиете во складиште. Доколку вашиот простор е ограничен она на што треба посветите посебно внимание при купувањето на лежајот под него да има простор за складирање.

Изберете ја правилната боја за вашата спана соба

Избрањето боја за вашата спална соба знае да биде стресна работа, бидејќи постојат толку многу тонови, комбинации, а воедно и различни вкусови кај оние кои требаат да одлучат.Да, тешко е да се замислите која боја ќе изгледа совршено на вашите ѕидови. Поради тоа имајте во предвид дека ако вашата соба е мала и ако ја бојосате со темна боја, таа визуелно ќе изгледа уште помала. Затоа, секогаш бирајте светли нијанси за мал простор. Ако вашата соба е голема, тогаш и изборот на бои е голем.

feng-sui-pravila-za-spokoj-vo-spalnata-soba-01

Не претворајте ја вашата соба во работен простор.

Обидете се да не ја претворите спалната соба во работна соба. Сепак не е баш најдобро решение,поготово доколку  се работи за соба за двајца,бидејќи колку и да се трудите сепак ќе им сметате на другиот кој се труди да спие. Доколку немате друга опција, а имате ограничен простор за живеење барем потрудете се да вашето,, работно катче” биде сместено спротивно од креветот така што светлото од компјутерот не би им сметал на вашиот партнер додека тој спие.

Заштедете паметно

Немојте никако да штедите на креветот,бидејќи здравиот сон е важен. Пожелно е да се одлучите за купување на квалитетен кревет,бидејќи сигурно нема да го менувате поначесто. Штедете попаметно како на пример на оние работи кои што не се баш така долготрајни како на пример тепих…

Chic-black-and-white-bedrooms-Theme-Ideas