10 правила за носење на одело

од  |  0 коментари

“Модата е став, не е само детал на облеката, a стилот е личен избор на саморепрезентација пред светот”- Tom Ford.

Машката елеганција доаѓа секогаш од ставот и начинот на носење на облеката. При градењето на сопствениот стил, секој маж треба да биде свесен дека со стилот тој само ја подобрува севупната слика околу самиот себе.
Дали размислувате за купување на одело? Почекајте, прво прочитајте ги следните совети и направете го вистинскиот избор при купувањето.

1. Ширината на вратоврската мора да биде пропорционална со ширината на јаките, затоа што при носењето на одело се се врти околу балансот.

1 alikA

2. Тесните јаки се секогаш во мода за разлика од широките кои повеќе укажуваат на ретро стил.

xA1_hero_mobile.jpg.pagespeed.ic.xY3btOEric

3. Со цел севкупниот изглед да ви биде “исполиран” чекор плус е додавање на марамче во горниот десен џеб од сакото. Наша препорака е да не носите вратоврска или лептир машна во иста боја како и марамчето, затоа што исполираниот изглед налага марамче во поинаква боја.

leptir masni

Комбинации со марамче, лептир машна и копчиња за манжетни

4. Кога купувате одело, првото нешто на кое треба да обрнете особено внимание е начинот на кој рамената ви изгледаат во сакото. Во никој случај не се ориентирајте стриктно по бројот,  туку по изледот и точност на рамената и должината на ракавите.

aksessuari2

5. Празнина помеѓу јаката од палтото и јаката од кошулата од задната страна укажува дека сте направиле грешен избор при купување, односно сте избрале поголем број на сако, затоа нареден пат купувајте “паметно”.

6. Не купувајте само црни одела, само освен доколку е потребно да присуствувате на таков настан.  Сивата боја, сината и темно сината се одличен избор на одело, а воедно и ќе го освежат вашиот комплетен изглед. Нареден пат купете темно сиво одело, затоа што оваа боја е одличен избор затоа што се комбинира со сите можни бои на кошули, вратоврски и марами.

fe725a45d61f77d37bc44f8b85593270

7. Каишот на одело треба да биде потенок од вообичаениот, најзначајно е секако да биде во иста боја како и чевлите.

8. Не секое одело одговара со секоја боја на чевли. Затоа следниот пат кога ќе комбинирате чевли со одело водете се по следниот пример.

boja

9. Еден шлиц на задниот дел од сакото повеќе одговара на силуетата на потенки и послаби луѓе, додека пак два шлицеви се одлични за луѓето кои се покрупни и сакаат да постигнат slim-down ефект со оделото кое го носат.

10. Доколку секогаш сакате да изгледате поопуштено, изберете сако  со една петлица, a бојата на чорапите услогласете ја со бојата на чевлите.

07b3e69

Наредниот пат кога ќе размислувате да купувате одело посетете ги , или нарачајте облека од најснабдените бутици за машки одела кај нас – бутици Linkesti  со традиција на диктирање на машките трендови во елегантната облека на пазарот повеќе од 10 години.
Само во Linkesti модерните машки комбинации се нограничени. Комбинирајте го своето омилено сако со сличен тип на: кошула, шал, марама, копчиња, лептир машна, вратоврска, трегери, сетови, каиш, шапка, кожни ракавици, партмоне, комбинирајте различни типови на одела и костими со различни аксесоари,  , комбинирајте панталони, џемпери и блузи… и комплетирајте го севкупниот изглед.

Од скоро Linkesti се приклучи и активно на социјалните медиуми, затоа следете ги и бидете во стил со Linkesti.  (Линкот до нивната страница погледнете го ТУКА)