Тура во замокот на Дракула за ноќта на вештерките
Како ви изгледа идејата да патувате за Романија во замокот на Дракула за ноќта на вештерките? Замокот на Дракула се верува дека е најопседнатото место на земјата , поради безбројните жртви на млади девојки кој тој ги измачувал и во чија крв се капел за да ужива во вечна младост. Halloween е ноќ на вештерките, или ноќ кога мртвите шетаат по земјата. Што би било пострашно од посета на место кое носи со себе толкава интрига но и приказни за измачувања од негова посета во ноќ кога “ мртвите шетаат по земјата”. Доколку сте авантуристи и уживате во интриги и мистерии наш предлог е посета на Романија, замокот на Дракула и неколку други знаменитости кои можете да ги посетите попатно.
За време на турите за ноќта на вештерките во Романија се организираат специјални настани наречени”Ритуални убивања на живите мртовци” во кои посетителите уживаат во доста невообичаен ритуал на помаѓање на “духовите на мртовците” кои ги убил Дракула да го најдат својот вечен мир. За време на турите во Романија исто така место кое треба да го посетите е Tokaj, место каде Дракула ги мамел своите гости ги опивал со убаво вино и им ја пиел крвта. За време на ноќта на вештерките локалните мајстори кои обработуваат дрво имаат ритуал на гостите да им нудат дрвени колци за убивање на вампирите како дел од долгиуот ритуал кој се повторува со векови во овој дел од Романија.
Постојат неколку места кои треба да ги посетите доколку сакате да патувате во Романија. Poienari е стар замок чии урнатини се верува дека го претставуваат вистинскиот замок на Дракула. Овој замок се наоѓа високо на карпа до која се патува пешки 40 минути, но е вредна да се искаче поради неверојатниот поглед кој го нуди.Местото каде што Влад Тепеш Дракула бил во затвор –Bran замокот или пак Hunyad замокот во Sighisoara каде бил роден Дракула во 1431 година и кој е заштитен од UNESCO не само заради неговото историско значење и Дракула туку и поради вистинската убавина и природа на ова место.
За разлика од глетките и местата асоцирани со Дракула, во Романија би било одлично да го посетите најголемиот туристички центар во Романија градот Brasov во кој не само што ќе уживате во шопингот ќе уживате и во архитектурата на градот и мотивите од средовековието, импозантните средновекновни градби и стил, музеи кули како и седиште на кралската престолнина.
За време на ноќта на вештерките најногу се кажуваат легендите за грофот чие импозантно резиме како најголемиот убиец на сите времења ќе ве наежи доколку го слушате баш во неговиот замок и од локалните мештани кои најмногу ја знаат тајната која е толку долго скриена во ѕидините на замокот на Дракула. Саката да ја чуете вистинската приказна за Дракупа? За таа цел бидете авантуристи и патувајте во Романија на следната ноќ на вештерките и уживајте во вистинското искуство и страв, што ќе ви остане големо убаво искуство кое ќе го раскажувате долго како едно од најубавите патувања на кои сте биле во животот.