Градот кон кого водат сите патишта-РИМ.

од  |  0 коментари

Сите патишта водат во Рим… И навистина е така. Овој град секојдневно го чувствува тоа. Mилионите туристи кои постојано го посетуваат градот, се уверуваат во фактот дека тој има одбележано една цела епоха во светската историја.

Попознат како “Римското царство”, овој период од светската историја и денес е видлив благодарејќи им на мноштвото споменици кои сочувани и го красат овој град. Тој, едноставно речено е музеј на отворено.

Ако ви кажат дека Италија е една од најубавите земји во светот, а не сте ни ја виделе, не го прифаќајте тој предизвик како стереотип. Италија навистина е една од најубавите земји на светот, а целиот Рим е музеј под небото кој ја чува историјата на едно Царство и во исто време пулсира со модерниот живот. Во сето тоа може да се уверите за само неколку дена.

Rim-Italija-04

Еве што се треба задолжително да направите при посетата на Рим

Прво нешто што треба да направите кога ќе пристигнете во Рим е да се напиете кафе. Меѓутоа, пред да седнете на кадифеното столче на плоштадот Навона, имајте го на ум нашиот совет нумеро уно: Пиењето кафе седејќи на маса е многу поскапо, отколку да го испиете на шанкот, како што прават локалните жители: „Италијанците најчесто пијат еспресо ’на нога’ и потоа си одат. Туристите, пак, секогаш седнуваат на маса и затоа плаќаат двојно повеќе од нормалната цена. Пиењето кафе на стоење чини едно евро, а ако седнете плаќате 2,5 евра. Пиењето кафе набрзина ќе ви заштеди време, што можете да го инвестирате во нашиот совет нумеро дуе: прошетка низ историскиот град бидејќи тука има навистина што да се види. А доброто е тоа што речиси сите туристички места овде се бесплатни.

Rim-Italija-01

Најдоброто нешто при посетата на Рим е да се „изгубите“ во тесните, калдрмени улички во градот. Ако сепак сакате точно да знаете каде се наоѓате, тогаш земете карта на градот во еден од туристичките центри. Најдобро е прошетката да ја започнете од Пјаца Навона или барокниот Рим во целиот негов сјај. Ова е еден од најубавите плоштади, преполн со фонатани и палати со делата на Бернини. Овој дел е и седиште на ноќниот живот со мали кафулиња, таверни и клубови. Преку ден пиејќи го вашето кафе можете да уживате во ренесансната фасада на палатат Сант Иво ала Сапјенца, која некогасш била училиште.  Од таму веднаш можете да прошетате по главната улица Виа Дел Корзо се до Пантеонот, најзачуваната катедрала меѓу старите катедрални цркви со отвор на куполата свртен кон небото.

Rim-Italija-05

Доколку при прошетката ожеднете, на секој чекор ќе најдете некоја од римските фонтани. Римјаните ги викаат „Насони“ или „големи носови“. Водата е свежа и питка, затоа следете го нашиот совет нумеро тре и наместо да купувате вода од продавница, полнете вода од римските фонтани.

Италија е позната по храната и ако го следите нашиот совет нумеро кватро тогаш ручекот не би требало да ве чини повеќе од неколку евра. Кога сте во Рим правете го истото што го прават и Римјаните и земете „панино кон поршета“ или завиткано лепче со свинско месо. Тоа е традицинонална римска ужинка што можете да ја најдете насекаде во градот. Или пак одлучете се за „пица ал таглио“, пица на парче што можете да го добиете во различна големина, објаснува еден пица мајстор: „Пицата се прави на даска, и кога е готова се сече на парчиња во различни големини. Секое парче се мери и можете да одберете колку сакате, на пример 100, 200 или 300 грама. Колку сакате. Тоа е економичен и лесен избор за купувачите.

Rim-Italija-06

На шопинг во Рим во „Виа Санио“

Ако чевлите почнат да ви попуштаат од шетањето, тогаш тоа е добар изговор да одите во шопинг по она, по што Италија е најпозната. Но, не мора да одите во познатите и скапи дизајнерски бутици за да купите италијански чевли. Нашиот совет нумеро чинкве е да го посетите пазарот „Виа Санио“ во Сан Џовани каде ќе најдете многу различни и модерни чевли, како и ташни, фармерки и друго, по разумни цени.

Нека и вашиот пат ве одведе во магичниот Рим. Проверете на Aries.mk.