20 совети за беспрекорна шминка кои секоја идна невеста треба да ги знае

од  |  0 коментари

Сон на секоја невеста е да изгледа беспрекорно на денот на својата венчавка. Започнувајќи од венчаницата која ќе ја носи, чевлите, накитот, фризурата а нормално и шминката- се мора да биде беспрекорно добро за таа да се чувствува она што е всушност -кралица на најголемиот и најубавиот ден од својот живот- незината свадба.
Постојат безброј трикови за убава, сјајна и беспрекорна кожа и шминка кои секоја невеста треба да ги применува за денот но и пред денот на својата венчавка.

slikaaa 1

Модел: Симона Најденковска Шминка: Силвана Здравкоска, Фризура: ViolaBeauty – Љупчо Венчаница: MyWedding

Со вас ги споделуваме триковите за невестинска шминка на најдобрите make-up артисти, за вие да имате изглед каков што отсекогаш сте посакувале.

1. Доколку сакате да изгледате убаво со шминка, примарно започнете од негата на своето лице!
Добро негуваното лице е одлична основа за нанесување на шминка, баш како и сликарското платно- квалитетот на сликата зависи и од неговиот квалитет.
Затоа ве советуваме да нанесувате редовно производи за дневна и ноќна нега на вашето лице и да запонете со 6 неделна рутина пред својата свадба. Дневната нега обезбедува свеж изглед на лицето, додека пак производите за ноќна нега обезбедуваат регенерација на кожата на лицето.

2. Доколку  вашата свадба се одвива за време на летните топли месеци или пак на влажно време, шминкерите препорачуваат користење на производите кои не содржат масла (пудра, основа за шминка и крем за лице) и секако користење на специјални марамчиња кои спречуваат потење и расипување на шминка – при рака во секое време.

3. Камерата ќе направи да изгледате побледо и ќе го намали интензитетот на вашата шминка на фотографиите, затоа не се плашете од користење на поинтензивни шминка.

4. Основата или Primer-от e  клучот на добрата шминка која не се размачкува, затоа ви препорачуваме користење на добра основа.

5. Пудрата за лице најдобро се нанесува со помош на четка или сунгерче за шминка. Никогаш не нанесувајте невестинска шминка со раце,колку помалку користите раце -толку подобро.

6. Коректорот се нанесува по нанесувањето на пудрата за лице.

7. Користете различни бои на коректори на различни места од лицето.

slika 2

Модел: Симона Најденковска Шминка: Силвана Здравкоска, Фризура: ViolaBeauty – Љупчо Венчаница: MyWedding

– Доколку сакате да прекриете црвенила, капилари и црвени акни користете безмасни покривни коректори со жолта основа. – Под очите користете коректор со боја на праска за да ставите контраст на сините/лилавкасти кругови околу очите. Овој коректор треба да биде кремаст поради тоа што во овој регион (околу очите) нема лојни жлезди кои лачат ексесивни масла на кожата. Значајно посветол коректор од пудрата на лицето отколку оној ставен околу очите и безмаслен делува како маска врз лицето. За природен изглед ставете малку коректор и врз него ставајте постепено повеќе.

8. Користете основа за сенка. Основата за сенка обезбедува неизбледување на сенката на очите и трајност во текот на целиот ден.

9. Доколку сакате поприроден изглед избегнувајте силни бои на руменила. Нежните нијанси на праска одлично прилегаат за изглед на нежен, сјаен и негуван изглед на кожата.

10. Дефинирајте ги своите веѓи!
Добро дефинираните веѓи се исто толку битни како и добро нашминканите очи. Веѓите даваат дефиниција и рамка на лицето,затоа ви препорачуваме нежно да ги пополните со моливче или гел за веѓи и да ги поминете со прозирен гел за подолготрајност на дефиницијата.

11. Добијте побудни очи и сјај на секоја фотографија со додавање на сјајна светкава сенка во внатрешните ќошевите на очите.

12. Користете вештачки трепки. Вештачките трепки ќе им дадат доза на гламур на вашите очи. Било да се работи за трепки во снопчиња или трепки во целосни ленти- изберете должина на трепките малку поголема од онаа на вашите природни за да делуваат поприродно и поубаво. Изберете трепки кои се издолжуваат на краевите затоа што одговараат на скоро секоја форма на очи.

13. Направете ја вашата шминка водоотпорна!
Испрскајте го своето лице со фиксатор и обезбедете целодневна и целовечерна долготрајна шминка.

14.Какво место е најдобро за шминкање? Природната светлина е најдобра при нанесување на шминка. Позиционирајте се покрај светло од прозорец или пак доколку во просторијата каде ќе се шминкате нема природен извор на светлина најдобро функционира силната светлина од халогенка.

15. Бојата на сенка за очи треба да биде комплементарна на бојата на очите.
16. Усните прво ексфолирајте ги со малку мед и коцка шеќер претходниот ден пред свадбата.
Утрото пред да започнете со припремите ставете врз вашите усни малку вазелин.
Вашите усни ќе бидат мазни, убави и карминот помалку ќе ви се брише и собира на усните.

17. За да добиете долготраен кармин првично на усните нанесете долготраен молив за усни и натапкајте ги усните со марамче. Нанесете слој на крамин, истапкајте ги со марамче за да ја остраните влажноста на устата и со четка нанесете безбојна пудра.Наненсете еден слој долготраен кармин. Доколку носите црвен кармин или кармин во посилна боја ќошевите од устата оцртајте ги со креон во месо боја откако ќе го нанесете карминот за да обезбедите фиксиран кармин кој нема да се прелие преку границите на усните.

Модел: Симона Најденковска Шминка: Силвана Здравкоска, Фризура: ViolaBeauty - Љупчо Венчаница: MyWedding

Модел: Симона Најденковска Шминка: Силвана Здравкоска, Фризура: ViolaBeauty – Љупчо Венчаница: MyWedding

18. Бојата на карминот треба да е комплементарна на вашиот тен.

19. Не го допирајте вашето лице! Секој допир значи низа на бактерии кои подоцна ќе остават отпечатоци врз вашето лице, а воедно можат да предизвикаат и појава на акни, црвенила и да додеведат до иритација  на кожата. Затоа избегувајте и премногу бакнување со гостите и допирање на лицето.

20. Со себе носете несесер со кармин, пудра, руж и моливче за итен случај!
Меѓутоа примарно ве советуваме да изберете професионалец кој најдобро ќе знае што прави, за вие да изгледате идеално и како најдобрата верзија на себе.

Силвана Здравковска професионален make-up artis дел од еден од топ тимовите на Orflame cosmetics во Македонија #ТимВукицa,  задолжена за шминката од денешната фотосесија,  верува дека совршената шминка е само мало надополнување на нашата внатрешна убавина и став, па затоа истата треба да се сведе на совршено комплеметарни бои на тоновите на кожата и бојата на очите за истите да ги нагласи и разубави.

Oriflame нуди широк избор на козметика која во рацете на професионалците може вашето лице да го направи повеќе од убаво. Еве дел од омилените производи кои ги препорачува Силвана од линијата за нега и декоративна шминка :
oriflame beauty the oneluminos

 

pudra kamena

Овие, но и многу други проиводи можете да ги нарачате на официјалната страница на Oriflame или пак во канцеларијата на ТИМ ВУКИЦА лоцирано на градското Битолска Шеталиште од страната на Hauzz Bar.
Тимот ги поканува сите девојки заинтересирани за градење на кариера, заработка на хонорари да се приклучат на овој прекрасен тим и да напредуваат во својата работа и да добијат најдобра можност да патуваат со Интернационалниот тим на Oriflame на работилниците кои секоја година се организираат низ повеќе земји и дестинации ширум светот.