Чоколадо и јагоди за убаво лице

од  |  0 коментари

“Лицето е најважниот аксесоар кој со себе ќе го носиме до крајот на нашиот живот, затоа е битно внимателно и да го чуваме и негуваме”- Живот и Стил

Овошјето игра голема улога врз разубавувањето на нашето лице, но и врз чуството на Wellnes (добросотојба) на целиот организам, за таа цел денес ќе ви ја прикажеме делотворноста на различните јагодите и чоколадото врз вашата кожа.

1 smuti
Смути со јагоди- за кожа без црвенила и акни.

Измешајте ладно млеко, една чаша јагоди, две замрзнати банани и сок од една лимета.
Јагодите богати се со состојки кои и помагаат на деликатната кожа побрзо да се ослободи од црвенилата. Цитрусниот вкус од лиметата ќе ви помогне да ја зголемите свежината на вашето лице, додека пак бананите ќе спречат сонцето да креира пеги на вашето лице. Ваквата комбинација ќе им помогне на хранливите материи да пенетрираат длабоко во вашите пори и да и овозможат на кожата да дише.
Додека го пиете смудито од јагода, направете си маска од јагоди и уживајте во двојниот ефект на овој неверојатен овошен микс. За оваа цел ви ја препорачуваме маската- суфле од јагоди. Збогатена со : јагоди, Алое Вера, крем, праска, ванила оваа богата маска може да се користи за сите типови на кожа од нормална, сува, комбинирана, зрела и чувствителна кожа.
sufleЧоколадо во улога на убавината- онаа надворешната и внатрешната

Чоколадото е вкусно задоволство кое има директен импакт врз нашата тежина.Но ефектот кој тоа го има врз нашиот ум и тело па макар и во тело во сосема умерени количини е одличен. Чоколадото во нашата усна шуплина активира состојки кои го активираат ендорфинот -хормонот на среќа, што во превод би значело -чоколадото не прави среќни и задоволни. Врз кожата има омекнувачки и релаксирачки ефект.
Во лето за да ја хидратирате вашата кожа после сончање и лупење на кожата, премачкајте се со чоколадна маска по површината на вашето тело.

Доколку забележавте лупење на вашето лице, тогаш ви препорачуваме да си направите потхранувачка маска за лице со чоколадо и кал .
cokolado

Во себе маската содржи природни состојки како: какао, Медитеранска глина, сол од Мртво Море, путер од Ши дрво и е погодна за Нормална, Сува или Комбинирана кожа. Доколку имате иритација и изгореници од сонце  на кожата не ви препорачуваме користење на козметика и шминка, туку користење на кремови врз база на камилица се со цел намалување на иритрацијата, затоа што по горењето кожата има тенденција да се задебелува и да стане груба и сува- што нормално не би сакале тоа да ви се случи и вам.