2014: Преглед на годината низ мода и трендови

од  |  0 коментари

Дали се сеќавате на голиот фустан на Ријана, Mochino маските за телефон со пржени компирчиња како и  Ombre/Sombre фризурата која ја видовме скоро на сите стралети како на Холивудската сцена па и на нашата? Безброј нови, стари и модерирани модни трендови се јавија оваа измината година, па за таа цел Живот и Стил за да ja одбележи оваа година за вас припреми листа на најголемите 14 модни трендови за 2014 година и нормално проследени со критика за секој од нив.

Да започнеме со одбројување:

14. Транспарентен изглед и долна облека со висок струк. Транспарентните парчиња на облека се чини дека како тренд продолжуваат да траат и во наредната 2015 година. Транспарентноста во делот кај градите и околу колената го направи овој стил особено сексипилен и користен, меѓутоа многу звезди премногу буквално го сватија и придонесоа за да биде помалку атрактивен. Носењето на долна облека на сцена, настани и шоуа дури прераснува во кич и преголема експлоатација на женскиот сексипил и тело за продавање на помалку квалитетна музика. Сите големи музички звезди го пратат овој тренд меѓутоа време е да се каже не на овој тренд за 2015 година.

download (2)

13. Најдобар celebrity пар. Трката за најдобар пар помеѓу славните на социјалните медиуми оваа година достигна кулминација. Минатата година приматот го завземаше славната Англиска кралска двојка, а оваа година најозогласени, најмногу медиумски експлоатирани по сите можни канали беа Kimye – Kim Kardashian и  Kanye West, двајцата нарцисоидни и полни со себе прават одличен пар и се еден за друг. Дали ви се допаѓаат како двојка?

kanye-west-lanvin-cleavage-inline

12. Голо стомаче. Овој тренд започна како откривање на мал дел од абдоминалниот дел од стомакот над папокот преку маички со помала големина од стандардната, за да се претвори во тренд на преголемо експонирање и ексесивна голотија. Меѓутоа овој избор на Ријана иако вклучува одреден степен на голотија, совршено изгледа на неа,а веруваме и сите би се согласиле дека тоа е така.

rijana

11. Mochino. Дали ви се допаднаа чантите, каишите, маските за телефони со знакот на Mochino?  Иако наликуваа како опаковки од производи на McDonald’s овој тренд беше доста популарен, меѓутоа имаше краток животен век на популарност па сакале или не нема да го видиме повторно во 2015 година.

celebs

10. Најдобар задник. Тренингот и мотивацијата за подобар физички изглед и оваа година не ги заобиколи ни славните, а особено не старлетите чиј најдобар аксесоар – Задникот наместо во заден, беше во преден план оваа година, а сособено беше користена позитивата колку -поголем задник толку попродавана ќе биде и рекламната кампања, музиката, производите и слично. Големиот задник беше впрочем и најголемиот симбол оваа измината 2014 година . Почнувајќи од Iggy Azalea, JLo, Kim Kardashian, Khloe Kardashian, Nicki Minaj…. Овој тренд доби дури и специјални песни.

Дали ви се допаѓаа?- Нас не!

08. Звезди без шминка. Трендот без шминка дури стигна и во границите на апсурдноста, затоа што многу девојки кои не сакаат да се шминкаат, врз своето лице ставаат тони пудра и маскара, па доколку не стават тони руж и кармин сметаат дека не се нашминкани. Многу рекламни кампањи на компании овој тренд го форсираат за да ја продадат својата козметика, па некако апсурдно звучи помалку зарем не?

07. Густа брада. Мажите со голема брада и несредени веѓи беа израз на машкост оваа измината година. Овој тренд не би сакале да си замине во 2015 година затоа што од метросексуалци веќе ни здосади! Еден од најголемите залагачи за овој тренд беше и добропознатиот професионален коцкар Dan Bilzerian, за чиј животен стил многу мажи оваа година му завидуваа.

zXycT5FL

06. Boyfriend jeans. Широките, опуштени помалку и машки фармерки беа огромен хит оваа сезона, беа видени скоро на секого и беа израз на сосема опуштен стил на облекување. Единствено што нам не ни се допадна околу тој стил е што изгледа сосема неуредно, несредено и несоодветно за да остане како тренд за 2015 година.

bf jeans

05.Man in Texas. Оваа година тексасот како материјал беше доста префериран, модерен илежерен за секојдневна и но модерна варијанта за излегување.Меѓутоа како ви се допаѓаше комплетното трансформирање на мажите во тексас?

david

04. Лептир Машна на секаков тип на кошула. Неконвенционалната употреба на најкласичниот предмет во машката гардероба- лептир машната оваа сезона пронајде низа на алтернативни употреби започнувајќи од комбинирање со формерки, до комбинирање со карирани кошули. Сакале или не таа е класика која не изумрува, па од наредната година ја очекуваме во поинакви комбинации.

03. Ombre/Sombre фризури во “луди бои”. Повеќето девојки оваа година имаа можост да испробаат многу “луди бои” за коса почнувајќи од сина, зелена, лилава и златно-розева.И покрај големата популарност, овој тренд е со каток рок и нема да остане и во наредната 2015 година. Дали успеавте да бидете и вие дел од сите девојки кои ја обоија косата во силни бои?

kajeti

 

02. Машка Фарбана коса. Мажите вообичаено ја фарбаат својата коса кога им побелува или со трајна боја за коса или пак со колор шампон, меѓутоа оваа година ова не беше случај. Adam Levigne  фронтменот на Maroon5, беше само еден од многуте кои драстично ја променија бојата на својата коса од чиста забава.

050514-adam-levine-594

01. Фустан “гола кожа” виден на Ријана но и на многу старлети, во буквален превод значеше носење скоро на ништо врз голото тело. Во никој случај овој фустан не го одобруваме како фустан па и покрај безбројните Swarovski кристали од кои беше направен. Иако е една од најегзотичните и најубавите жени, сепак овој фустан ги премина границите на невкус. Многу модни критичари го одобрија како ризичен избор, меѓутоа степенот на голотијата е причината за да речеме не за овој фустан.

rs_634x1024-140602171032-634.rihanna-cfda-060214