Кои се најчести Новогодишни одлуки ?

од  |  0 коментари

За  сите ветувањата кои не сме ги исполниле во изминатата 2014 ,,од Понеделник”, ветуваме дека од 1 Јануари 2015 година ќе ги реализираме сите!  

Погледнете ја листата на најчести Новогодишни одлуки:

 

Поминување повеќе време со семејството-  Празниците за многумина се  идеална прилика со своето семејство да помините неколку денови во дружба со вашите најблиските било тоа да е во домашна атмосфера, во земјава или надвор од неа. За то време сваќаме колку тие ни значат, и си ветуваме самите себе си дека следната година ќе поминуваме повеќе време со најблиските, децата, родителите… Меѓутоа не е тајна дека после празнициве, кога полека се се враќа во нормала, нажалост оваа одлука кај повеќето од нас повторно доаѓа на последно место.

images (1)

После празниците ќе ослабам-  Ова можеби е најголема самоодбрана бидејќи за време на празниците сите некако се опуштаме малку повеќе кога е во прашање храната.  Но сигурно едно би се сложиле, оние кои што навистина сакаат да ги намалат килограмите почнуваат било кога, без разлика кој е датумот, кој празник е, дали летниот одмор е на повидок, дали е Понеделник, Вторник итн…

Ќе престанам да пушам– Е за ова навистина потребни ни се датуми, бидејќи луѓето едноставно сакаат да се сеќаваат кога ја запалиле последната цигара.Истото важи и за првата цигара, кој повод бил. Ако навистина сте се одлучиле да ги оставите цигарите, сега е вистинското време за тоа!

download (1)

Ќе престанам да пијам-  Многумина после првото посериозно пијанство рекле дека: ,,Повеќе ни капка алкохол”. Меѓутоа… Затоа сега е идеално време да се присетите на сите ситуации кога сте го прекршиле ова правило. Можеби тоа ќе придонесе, доколку пак се почувствувате мамурни.

Ќе ги вратам сите долгови-  Доколку навистина сакате да го исполните ова ветување, прво пресметајте колку должите и колку е потребно месечно да издвојувате за да можете да ги вратите сите долгови. Исто така, ветете си себе си дека сигурно ќе се сетите на оваа одлука кога ќе ги видите чевлите на кои што не можете да им одолеете.

Ќе заштедувам повеќе-  Колку би било добро оваа одлука да може да ви оде од рака! Можеби подобро е прво да одлучите за која намена и колку пари ќе ви бидат потребни. На овој начин се зголемува мотивацијата. Ако навистина тоа го сакате- започнете со применување веднаш!

images

Подобро ќе се организирам – Колку пати во 2014 година сте го заборавиле клучот од дома, мобилниот телефон, сте заборавиле каде сте го паркирале автомобилот? На колку мејлови не сте стигнале да одговорите, колку луѓе сте ги изневериле поради работата а навистина сте сакале да се видите? Кога последен пат спортувавте, спиете ли редовно, здраво се храните? Со оваа одлука сигурно ќе си помогнете самите себе си, да ова повеќе  во 2015 година не ви се случува или барем поретко.

Ќе читам повеќе- Да се разбериме овде станува збор за книги а не за магазини,разни сајтови,текстови на Facebook или Twiter. За да можете полесно да го исполните ова ветување одредете си колку страни дневно сигурно ќе можете да прочитате.

images (2)

Ќе патувам повеќе- Оваа одлука нажалост не зависи само од вашата волја, туку од вашите финансии. Но доколку не можете на далечни дестинации, обидете се да ги посетите сите места во вашата земја или град на кој  што досега не сте биле. Користете ги сите послободни викенди, тоа сигурно ќе ви помогне доколку сте решиле да ги оставите цигарите или пак да ослабете. Па и уште доколку понесете некоја книга со вас за време на патувањето, или пак ќе патувате во друштво со вашите најблиски, како  што народски би рекле ,,убивате две муви со еден удар” Но меѓутоа бидете сигурни дека одлуката за штедење пропаѓа во вода.