Дали сте шопингхоличари?

од  |  0 коментари

Психолозите од поодамнешни периоди го испитуваат феноменот на опсесивно-компулсивно купување (според кое луѓето кои опсесивно и компулсивно купуваат различни предмети, облека и слично се нарекуваат шопингхоличари ). Да, оваа состојба не е нова, постои од секогаш. Ние купуваме поради многу причини, меѓутоа зависните од купување веруваат дека купувањето им е потребно за да ја ослободат од себе негативната енергија и анксиозноста, па со тек на време купувањето прераснува во дисфункционален стил на живеење, па луѓето кои страдаат од овој проблем што лесно можеме да го асоцираме и со модерна болест, имаат постојана потреба да купуваат за да ги решат своите проблеми кои им се натрупуваат, затоа што нормално со облека не може да им се решат.

Иако оваа појава е комплексна како и секоја останата од ваков сличен тип, психолозите заедно со психијатрите генерализирале неколку причини зошто се јавува опсесивното купување како еден вид на болест и тоа:

  • потиснување на емоции од детството
  • неспособност за толеранција на негативни чувства, емоции и мисли
  • потреба за пополнување на внатрешна празнина
  • потрага по возбуда и покачување на адреналин
  • потреба за одобрување
  • перфекционизам
  • опседнатост и компулсивно однесување во сите сфери во животот
  • потреба од самоконтрола (неконтролирање на околината но и себе)
  • потреба за добивање на контрола (која поинаку ја немаат)

При појавата на ваков тип на однесување се разликуваат неколку вида на купувачи во зависност од типот на работи кои ги купуваат и степенот на зачестено купување и тоа:

  • Компулсивни купувачии – купуваат за да не размислуваат за нивните лоши емоции и состојба, колку потешко емоционално и потиштено се чувствуваат толку повеќе ќе трошат
  • Трофејни купувачи- имаат мисија да пронајдат совршен детал како на пример D&G каиш кој совршено одговара со нивните брендирани чизми
  • Купшувачи кои купуваат заради изгледо и имиџот  на предметите/производите. На пример попрво би купиле Lamborghini  отоколку Jeep поради тоа што повеќе го ценат статусот на Lamborghini заради неговиот изглед.
  • Купувачи на попуст- тоа се шопингхоличари кои купуваат предмети кои не им требаат но ги купуваат заради тоа што се на попуст
  • Козависни купувачи- купувачи кои им купуваат предмети на другите поради потребата за љубов и одобрување
  • Булимични купувачи- тие купуваат и враќаат и одново истото
  • Колектори- сакаат да го имаат секој дел од една колекција и би купиле се само за да ја соберат одредена серија на производи пред останатите

Како да се ослободите од оваа зависност? Првично најбитно е да се избегнуваат луѓе и места кои се предизвик за купување и трошење на пари, купувајте го она што ви треба, а не она што мислите дека ви треба, трошете паметно и вложувајте ги своите пари во реално вредни работи во животот не само во материјални. Запрашајте се дали ви се потребни тие работи и направете си приоритети. Не поминувајте време листање на онлајн продавници и страници кои служат за продажба. Овој современ проблем совршено беше опишан и во филмот  ” Confessions of shopaholic”. Дали сте го погледнале? Доколку не сте го погледнале, а ги имате симптомите кои ги нагласивме во претходниот дел од текстот тогаш ве советуваме да го погледнете и да се решите со овој проблем баш на начинот на кој што главната протагонистка го направи тоа.