5 начини да носите класична кошула

од  |  0 коментари

Кошулата никогаш не излегува од мода и уз детали како што се ѓердани и pencil сукна е прилика да на секој оставете впечаток на жена со стил и самодоверба!

Колку и да ви се чини дека кошулата е обична, не би требало да се откажете од неа, затоа што нема модел кој може подобро да се комбинира во формални и неформални прилики. Посебно денес кога владее некоја нова женственост која преферира минимализам и софистициран изглед.

Класична кошула може да се носи на неколку начини, а ние Ви преставуваме 5 кои можете во било кој момент да ги носите.

Со отпетлана една петлица + миди – сукна на фалти

Класична бела или светло сина кошула ( беспрекорно испеглана ) со јака, оди совршено во пар со женствената сукна во миди должина. Доколку сакате да изгледате помалку строго, а повеќе лежерно, Ви советуваме да отпетлате една или две горни петлици, што на една, на прв поглед премногу формална комбинација ќе даде лежерен изглед.

Сокриена, под тренди џемпер или блуза

Јака на класичната бела кошула на секој аутфит дава можност да изгледа професионално и зрело. Доколку ја искомбинирате така да ја носите под џемпер кој има убави украси, можете добро да ја искомбинирате со сукна но и со џинс.

Во пар со омилен коктел фустан

За малку поинаков изглед Ви предлагаме да Вашиот омилен коктел фустан го искомбинирате со бела кошула која ќе ја носите под фустанот. Ова е исто така практичен начин да ја сокриете кожата доколку фустанот е со длабок деколте ( фустан без ракави е најдобар ). Избегнувајте ги кошулите со ракави во полн волумен, пуф и слични форми.

Со пенсил сукна

Класична фармерска кошула не морате по обичај да ја носите само во пар со платнени пантолони и старки. Таа совршено оди и со пенсил сукна ( обична, во цветен принт, со чипка ) или со сукна од некој свилен материјал. Доволно е уште да ставите салонки и имате изглед не само за канцеларија, туку и за коктел после работа.

Во пар со ѓердан

Големи и ефектни ѓердани кои се носат преку запетлана кошула веќе подолго време спаѓа во еден од главни трендови. Водете сметка кошулата да биде класична, во една боја, по можност бела или во боја на слоновача, а да принтот, доколку сакате и него да го вклучите во изгледот,  да доминира во долниот дел.